Агенцијата тврди дека серија нудли на јужнокорејската фирма Самјанг содржат опасно високи нивоа на капсаицин, соединението кое го прави лутото.
Данската управа за ветеринарство и храна проценила дека толку капсаицин може да ги „отруе“ потрошувачите. Велат дека толкави количини претставуваат ризик, особено за децата и за старите лица а можни симптоми се горење и непријатност, гадење, повраќање и висок крвен притисок.
Во Самјанг не можат да се изначудат. Велат дека тие производи ги извезуваат глобално и никаде до сега не биле повлечени заради таа причина.
Овие зачинети тестенини се широко достапни и во САД. На Амазон, тестенините 3x Spicy имаат над 90.000 главно позитивни критики.
Потрошувачите во Данска кои ги купиле производите можат да ги вратат во продавница и да бараат поврат на пари.