Тројцата го прават ова апла сред бел ден и се снимени од дел од гости на еден околен бар, што потоа е искористено против нив. Обвинителството побара кауција од 15.000 долари, кои ќе бидат искористени за повторно обновување на муралот.
Инаку се работи за мурал чие префарбување градот Спокејн само што го завршил, откако претходно истиот бил запален.
Тинејџерите ќе бидат судени според апдејтуваните закони на сојузната држава Вашингтон, според кои од март годинава како злосторство од омраза се смета и изобиличување на јавен имот, за што следува казна од 5 години затвор и 10.000 долари глоба.
Новиот закон почна да важи од 6 јуни, еден ден по инцидентот.
Дел од јавноста, казната за тројцата ја анализира во споредба со сите уништувања и вандализам на јавна сопственост која се случува низ САД изминативе години по основа на најразлично незадоволство од системот и културата во земјата.