Од Канадското друштво за рак, на својот сајт напишале дека сметаат дека голем број транс-мажи и небинарни луѓе може да имаат мешани чувства и да се чувствуваат дистанцирани заради зборови како „сервикс“ наместо транс-пријателскиот збор „предна дупка“.
„Вие можеби претпочитате други зборови, како 'предна дупка'. Ние ги признаваме ограничувањата на зборовите што ги користиме додека истовремено ја разбираме и потребата за едноставност. Друга причина зошто користиме зборови како 'сервикс' е за да ја нормализираме реалноста дека и мажите можат да ги имаат овие делови во телото,“ порачуваат од организацијата.
Овој тип на рак се појавува заради абнормален раст на клетките во грлото на матката, а се третира со хемотерапија, радијација, лекови и операција. Препораката од друштвото е да се прават редовни проверки за овој тип на рак дури и кај оние жени кои започнале да земаат тестостерон.
Ова е истата организација која во 2023 им препорача на транс-жените (мажи што станале жени) да разговараат со својот доктор околу преглед за рак на грло од матката.