Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Германија бара украински нуркач поврзан со Северен тек

Германија издаде европска потерница против украински инструктор за нуркање, осомничен дека бил дел од тимот што ги разнесе гасоводите „Северен тек“, пренесуваат германски медиуми. Се работеше за досега невиден чин на индустриски тероризам со ужасни еко - последици: во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан.

Инвазијата на Курск покажа колкав е проблемот на Русија со нови регрути

Се поголемиот недостаток на војници за војната во Украина ја натера Русија да ги зголеми бонусите за нови регрути, како не би објавила нова мобилизација. За сега има малку знаци дека тоа им успева, пишува Блумберг.

Брисел против Брисел

ЕУ го обвини сопствениот министер за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, дека на своја рака го објавил писмото во кое на Илон Маск му се заканува со казна доколку содржината објавена на Твитер не е во согласност со правилата на ЕУ.

Русија се накрцкала со милијарди долари и евра во кеш

Од мрт 2022 година, кога ЕУ и САД воведоа финансиски санкции кон Русија, Москва успеала да набави најмалку 2,3 милијарди долари и евра во готовина, покажуваат царински податоци до кои дошол Ројтерс. Огромна набавка на кеш на вредните западни валути била изведена во месеците пред да почне инвазијата.

Да не се хиспаносите САД нема да мрдне со популација

Над 90% од растот на населението во САД од почетокот на пандемијата во 2020 до средината на 2023 доаѓа од хиспанската популација во земјата, покажува анализата на тамошниот Завод за статистика.

Фокскон ангажираше дополнителни 50.000 работници пред лансирањето на Ајфон 16

Се работи за фабриката во Женгжоу каде Фокскон според извештаите на кинеските медиуми само во изминатите две недели вработил уште 50.000 луѓе.

Илон да се уапси за немирите во Англија

Како што британските власти решија дека социјалните мрежи им се виновни за немирите во земјата, а не катастрофалните отворени граници и останати политики, така либерален Гардијан повикува на апсење на Илон Маск затоа што дозволувал на Твитер се да се каже.

Фејсбук го исфрли од ринг Ричард Докинс

Уште од времето на пандемијата, Фејсбук станува сè поцензурирана платформа чии алгоритми или факт-чекерски партнери во последно време се сè повеќе здивени па се кинат постови и објави без никаква логика. Покрај обичната раја, страдаат и сериозни авторитети. На прочуениот биолог Ричард Докинс му бил скинат целиот профил затоа што многу се мешал во - биологија. 

2024, годината кога умре „нема глупи прашања“

Новите насоки на британскиот здравствен систем бараат од сите радиолози да ги прашаат своите машки пациенти дали се бремени пред да им прават рендгенска снимка.

Инвазијата на Русија е најризичниот потег на Зеленски

Во нешто што е најблиску што ќе го добиеме како перење на Западот од каква било поврзаност со украинската инвазија на Курск, британски Тајмс ја почнува анализата на украинската операција со пораката дека „таа целата е со отисоци од украинскиот претседател“.

Трамп увреден што Џо Роган не навива за него

Во епизода објавена минатата недела Роган низ муабет споменува дека не му верува на ниту еден кандидат, освен на Роберт Кенеди помладиот. На Трамп не му беше по мерак да го чуе ова.

Наместо базен, на Запад се бара бункер

Отворената опција за нуклеарна војна или судир со ракети од среден и висок домет меѓу НАТО и Русија натера некои побогати жители на Запад, но и луѓе од средната класа, да инвестираат во купување или градење бункери и засолништа. Економист пишува дека трендот особено има земено замав во Германија и САД.

Ај кој може подолго без телефон во кола?

Пишувањето пораки на мобилен додека се вози предизвикува илјадници смртни случаи секоја година. И покрај тоа што возачите ги знаат опасностите, голем дел од нив упорно ги користат своите телефони додека се зад волан. Едукативните програми имаат ограничен ефект, ама затоа врши работа една друга цака.

И само гледање нереди те остава во притвор

Белфаст беше зафатен со сериозни нереди со расни и анти-имигрантски сентименти а таму нередите секогаш се жестоки и опасни. Системот и институциите се решени ригорозно да се справат со оние ко учествуваа во нередите, но, овојпат одат и чекор понатаму - сакаат да обесхрабрат не само учесници туку и оние кои би излегле на улица заради љубопитност или сеир.

Научниците си прават зијан со политика на социјални мрежи

Социјалните медиуми многу помогнаа во зголемување на видливоста на научните истражувања и резултати но тоа доаѓа со цена која ја плаќа кредибилитетот на авторите. Тие што често се бават или коментираат политички теми (а се бават и коментираат почесто од останатите), на публиката им се чинат како помалку веродостојни научници.

Станува проблем тоа што Германија не ја води Европа како што треба

Дури и кога во 2010-те на ЕУ и беше најтешко, (финансиски кризи, бегалци, падот на Крим), членките на Унијата сепак ја имаа Германија и посебно Ангела Меркел за да се свртат кон нејзе.

Дубаи почна со 4-дневна работна недела

За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа.

Екипата на Трамп пресреќна со изборот на Тим Волц за потпретседател на Камала

Изборот на партнер на Камала за ноември прво го поздрави Доналд Трамп со пораката „Фала ти“ објавена на Трут соушл, а зад сцената неговите сојузници се воодушевени што нивен противкандидат е гувернер со долгогодишно неспорна либерална наклонетост и досие на гласање.

Иран ко Иран

Исламската република можно е да се пишмани околу започнување на својот напад врз Израел кој го најави по елиминацијата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, сред Техеран.

Балвани машки и на ГПС глас се палат

Мажите било поверојатно да минат семафор кога не и било зелено и општо да возат поризично кога добивале насоки од сателитската навигација на која зборува заводнички женски глас.

Гугл е нелегален монопол

Во историска победа за американското министерство за правда против технолошката индустрија, американски федерален суд одлучи дека Гугл нелегално ја злоупотребил својата позиција на пазарот за да ја сотре конкуренцијата.

Само прашање на време беше кога Турција ќе ни го зарие ножот во грб

Сред сезона од Турција доаѓа информација дека водечките играчи во тамошната туристичка индустрија предложиле укинување или ревидирање на еден од најпопуларните турски концепти - ол-инклузив хотели.

Професор Мершајмер нема светли предвидувања за Израел

Израел е заглавен во многу големи проблеми од кои не само што нема излез во моментов, туку и сите опции водат кон поголемо „закопување“, смета професорот Џон Мершајмер.

Илон Маск им објави војна на адвертајзерите

„Две години бевме за мир, сега е војна,“ порача Маск најавувајќи го писмото на извршната директорка на платформата Икс во кое се објаснува зошто е покрената тужба против моќна глобална алијанса на адвертајзери и нејзини членки како што се Унилевер, Марс и други. Маск и нивните адвокати сакаат да докажат дека против нив е спроведуван тивок бојкот кој ги чинел милијарди долари.