Бретон на Твитер го објави писмото со предупредување, неколку часови пред договореното интервју со Доналд Трамп. Два дена подоцна Европската комисија негираше дека Бретон имал дозвола од својата шефица, Урсула фон дер Лејен, за испраќање на писмото.
„Тајмингот и содржината на писмото не беше ниту координирана, ниту договорена со претседателот или министрите,“ порачуваат од Европската комисија.
EK не сака да изгледа дека се истрчува бидејќи во тек е истрага против Твитер за неусогласеност со Законот за Дигитални услуги од 2022, и чиј заклучок допрва треба да биде објавен.
Писмото на Бретон доаѓа во време кога Британија се потресе од внатрешните протести на Британците против мигрантите, кои се случија по убиството на три малолетни девојчиња. Консензусот на властите беше дека немирите се случиле затоа што некој го хушка народот по социјални мрежи, а не затоа што е гневен за масакрот и неконтролираниот наплив на мигранти.
Паралелно со ова европските политичари се хронично испаничени од можноста за враќање на Трамп во Белата куќа, па најавата на Маск дека ќе има интервју во живо со Трамп на Твитер најверојатно бил поводот за објавување на писмото.
Одговорот на Илон Маск на писмото на Бретон беше следниот: