Германија бара украински нуркач поврзан со Северен тек

Германија издаде европска потерница против украински инструктор за нуркање, осомничен дека бил дел од тимот што ги разнесе гасоводите „Северен тек“, пренесуваат германски медиуми. Се работеше за досега невиден чин на индустриски тероризам со ужасни еко - последици: во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан.

Германските истражители веруваат дека човекот, за кој последно што се знае е дека живеел во Полска, бил еден од нуркачите кои поставиле експлозивни направи на цевководите од Русија до Германија под Балтичкото Море во септември 2022 година.

Германското државно обвинителство одби да ги коментира наводите дека Германија во јуни побарала од Полска да го уапси човекот. И полското јавно обвинителство немаше директен коментар за ова прашање. Шпигел објави дека осомничениот најверојатно веќе ја напуштил Полска.

Уште еден маж и една жена - исто така украински инструктори за нуркање - се идентификувани во германската истрага за саботажата, но досега по нив не се издадени налози за апсење.

Шведската истрага откри траги од експлозив на неколку предмети пронајдени кај локацијата, што потврди дека експлозиите биле намерни. Во јануари 2023 година, германските обвинители извршија рација на брод за кој рекоа дека можеби се користел за транспорт на експлозиви.

Обучени нуркачи без проблем можат да прикачат екскплозив на длабочина од околу 70 до 80 метри.

************

Види и:

Како Америка го уништи Северен тек (видео)

Шведска дига раце од истрагата за Северен тек

Осигурување нејќе да плати за Северен тек

Како медиумите ја саботираа саботажата на Северен тек

14 август 2024 - 17:16