Шведска дига раце од истрагата за Северен тек

Германски медиуми пишуваат дека Шведска планира да ја сопре својата истрага за саботажата на Северен тек. Германската истрага продолжува само што Полска ја саботира и не дава снимки. Кога се случија експлозиите, на Запад дури се тврдеше дека зад тоа стои самата Русија или пак „група незадоволни граѓани“. Потоа тивко замолчеа а за медиумите, таа тема беше „зона на забранети летови.“

Како што пренесува Дојче веле, според истражувањата на АРД, Зидојче цајтунг и Цајт, шведските власти планираат да ја сопрат истрагата за терористичката саботажа на Северен тек. Одлуката треба да се донесе оваа недела.

Тие започнаа истрага за скандалот во Балтичкото море во септември 2022 година затоа што една од цевките минуваше низ шведската економска зона.

Од ваков потег на Шведска би можела да профитира германската истрага за истиот случај, ако Швеѓаните решат со нив да ги споделат досега добиените информации и докази. Досега државите на Балтичкото море работеа одвоено и меѓусебе не споделуваа информации.

Германците, на пример би сакале да ги споредат трагите од експлозив најдени на цевките со оние кои се најдени на едрилицата „Андромеда“ кој е најважниот траг кој би можел да води до извршителите. Таа од Росток испловила со посада од пет мажи и една жена и се сомнева дека тоа е тимот кој ги поставил експлозивите на цевките од Северниот тек. Осомничени се Украинци.

Андромеда била изнајмена преку полска компанија но проблем е што Полјаците блокираат соработка со Германија. Нивните власти, на пример, до денес немаат дадено ниедна слика од камерите во пристаништето која би можела да даде повеќе информации за посадата на Андромеда.

Северен тек 1 и 2 се два гасовода под Балтичкото море кои директно го спојуваа најголемиот производител Русија и најголемиот европски потрошувач Германија.

„Ако со повремени дози вистина јавноста некогаш се имунизираше да не ги дознае границите на слободното новинарство, денеска стратегијата е карантин. За теми кои се неподобни веќе нема место во корпоративните медиуми. Како нападот на гасоводот стана интелектуална „зона на забранети летови“?, пишавме во статијата “Како медиумите ја саботираа саботажата на Северен тек“.

**************

Види и:

Кој го нападна Северен тек?

Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка

Северен тек во воздух го дигнаа Американците

Како Америка го уништи Северен тек (видео)

7 февруари 2024 - 12:56