И само гледање нереди те остава во притвор

Белфаст беше зафатен со сериозни нереди со расни и анти-имигрантски сентименти а таму нередите секогаш се жестоки и опасни. Системот и институциите се решени ригорозно да се справат со оние ко учествуваа во нередите, но, овојпат одат и чекор понатаму - сакаат да обесхрабрат не само учесници туку и оние кои би излегле на улица заради љубопитност или сеир.

Судија во Белфаст ги предупреди не само оние кои учествуваат во јавни нереди, туку и оние кои само биле љубопитни набљудувачи, дека ќе им биде одбиено барањето да бидат пуштени со кауција..

Во врска со неодамнешните немири во градот, пред судијата Раферти дошле такви и тој им одбивал барања за кауција, со објаснување дека човек не мора да фрли молотов коктел или цигла за да се смета за дел од нередот, макар бил и пасивен набљудувач.

Еден од нив е извесен Камерон Армстронг, 18 годишен дечко кој не направил никаква беља а на немирите дошол од чиста љубопитност.

Одбивајќи му ја кауцијата, судијата Раферти рекол:

„Секој што се вклучува себеси во овој тип на однесување, или како активен учесник или љубопитен набљудувач, може да очекува дека ќе биде задржан во притвор, така е и со овој обвинет“.

Гледање од балкон или од џам не се казнува. Засега.

10 август 2024 - 21:15