Се работи за правило кое е дел од новите насоки за инклузивност, а се воведуваат по еден инцидент во кој на транс-маж за кој не знаело дека е бремен му е направена компјутерска томографија. Проблемот е што рендген, компјутер и МРИ скенови, како и третмани за рак можат да бидат опасни за неродени бебиња.
Од друга страна за добар дел од пациентите излегло апсурдно и навредливо да треба да одговараат на такви прашања. Според сведоштва на радиолози, жени си заминувале од термин заради „инвазивните“ прашања околу нивната плодност. Заради ова сега е започната кампања за НХС да се „врати на здравиот разум“.
Радиолозите раскажуваат за случај со маж кој се третира под ургентна постапка „кој бил толку вознемирен од прашањето во формуларот, што викал, си заминал и никогаш не се вратил да се снима.“
Во друг случај, пациент на кој му е правена операција по која требал секојдневно да се снима, „почнал да сомнева во сам себе“ откако секој ден го прашувале дали е маж.
За жените потешко било кога почнале да им поставуваат прашања околу нивната плодност, посебно кај пациентки кои имале тешки абортуси или бременост, вклучувајќи и тоа да објаснат зошто не можат да останат бремени.
Проблемот, пред се кај родителите, е и што формуларите ги индоктринираат децата со тоа што ги прашуваат лицата под 18 години кои имиња и придавки ги претпочитаат.