Живот и забава

Што ли се крие зад „расизмот“ на коронавирусот?

Ковид-19 ги убива црните Американци со снајперска прецизност. Тоа е помлада популација од белата па сепак, шансите црнец да ујмре од вирусот во САД се над 350 проценти поголеми во споредба со белците. А тоа не е единствената био-социолошка чуденка во врска со ковид-19. Останува уште многу за да се објаснат Швајцарија, Руанда, Белгија....

Не кладете се дека ќе има вакцина

Во моментов во светот се работи на преку 100 проекти за доаѓање до вакцина во кои се користат дури 8 различни пристапи кон проблемот. Сите се во толку рана фаза што не се сигурни дали некогаш ќе се дојде до резултат. Веројатно вирусот ќе остане, а ние, кој како.

Не им верувајте слепо на политичари, ни кога во наука ви се колнат

На политичарите кои се на позиција да носат одлуки во врска со актуелната пандемија најсигурно им еда се претставуваат како обични извршители на научните препораки. А не е така. 

Американци сред пандемија на ковид-19 се пик Американци

Маж е уапсен во обид да упадне во станица на Крајбрежната стража, од каде сакал да украде хеликоптер кој му бил неопходен за да нападне една локална болница. Та-даам.

Психички проблеми по карантин, обновени и проширени

Видливите последици од ковид-19 во Италија се 32.000 починати и разрушен здравствен систем и економија. Невидливите последици кои допрва ќе излегуваат на површина се што 80% од Италијанците имаат потреба од психолошка помош во справување со последиците од ковид-19.

Миете ли раце како на почетокот?

И покрај масовната трка по вакцина или барем некаков подобрајзер за ковид-19, во моментов сапунот и водата остануваат наш најголем сојузник против непријателот (и ако сте болни, да лежите на меше). Нова студија вели раце да се мијат најмалку 6 пати на ден. Најмногу 10 пати. 

Поради ковид-19, останатото здравје е на пауза

Интересни податоци за тоа колку во време на пандемијата е намален волуменот на други медицински интервенции, Кога ќе ни се соберат колена за менување и очи за баждарење, нема да стигнеме да се конфигурираме ни до следното лето.

Дали “Wind of Change“ ја има напишано ЦИА?

Таква приказна вади еден сериозен репортер на Њујоркер кој признава дека нема докази за теоријата а за тоа слушнал од неименувани извори од Агенцијата. Од разузнавачката заедница нејќат да демантираат таква можност знаејќи дека ЦИА сакала да се плетка во такви работи.

Кај некои луѓе, симптомите на ковид-19 траат со месеци

CV-то на коронавирусот ни оддалеку не е комплетирано и постојано се надополнува со нови ставки. Меѓу нив и тоа дека кај некои пациенти болеста има долга опашка. 

Како Виетнам со претерување го порази ковид-19

Земјата има 97 милиони жители, и е прв комшија со Кина со која има над 1.440 километри копнена граница, а и покрај сето ова Виетнам до сега на своја почва имаше нешто над 300 случаи на ковид-19 (вкупно), ниту еден мртов и речиси цел месец нема регистрирано ново пренесување на болеста.

Дијабетичарите се четвртина од починатите од ковид-19 во Англија

Во мерењето се опфатени само оние што починале во болнички кревет, а друга статистика што ја вади англиското здравство е дека 18% од починатите (повторно во болници) имале деменција.

Нетфликс во 2019 на просечниот корисник му заштедил 9,1 ден гледање реклами

Не дека овие 9,1 ден гореименуваните ги потрошиле на унапредување на духот и телото, туку најверојатно и тие биле спискани пред некој друг екран, ама пак е убава бројка.

Од некаков спунт, ковид-19 стигнува и до деца

Американски болници јавуваат за ретко и мистериозно заболување кај деца за кое се верува дека е поврзано со ковид-19. Воспалението се јавува 6 недели по изложеноста на дете на коронавирус, а засега добро се третира со агенси за разретчување на крвта.

Вухан планира како да ги тестира сите 11 милиони жители

Плановите се во почетна фаза но за сега ја опфаќаат целата популација на градот, и веќе од сите области на градот е побарано да испратат детали за тоа како би можело тестирањето да биде спроведено во рок од 10 дена.

Коронавирусот пак пркна откако Германија ги олабави рестрикциите

Втор ден по ред Германија бележи зголемена стапка на ширење на ковид-19, клучната метрика што Роберт Кох институтот ја користи за следење на вирусот.

Исповед на човекот кој го откри ебола вирусот а закачи корона

Многумина мислат за ковид-19 дека е болест која убива 1% од заболените а останатите минуваат со благи симптоми налик на грип. Но, приказната е посложена од тоа. Многумина ќе завршат со хронични проблеми на бубрезите и срцето. После ова, ќе има стотици илјади луѓе на кои ќе им треба дијализа до крајот на животот. Колку повеќе дознаваме за коронавируот, толку повеќе прашања искрснуваат.

Профил на убиецoт: сложената биологија која ја напојува пандемијата на коронавирусот

Научниците ја составуваат сликата за тоа како функционира SARS-CoV-2, од каде дојде и што е можно да прави следно – но останува жешкото прашање за потеклото на COVID-19.

Групен имунитет во 2020-та нема да дочекаме

Еден од митовите со кој периодов сакаме да се утешиме е дека човештвото потајно успеало да развие имунитет на стадо кој е доволен за во иднина да нè одбрани од вирусот. Е па, не сме ни блиску.

Како ќе изгледа 1,8 метри дистанцирање во реален свет

Иако технички ништо од ова не може целосно да се спроведе, дел од американските држави почнаа да ги олабавуваат рестрикциите околу коронавирусот, со препорака за дистанцирање на граѓаните од 6 стапки или 182 сантиметри.

Како Јужна Кореја излезе извонредно добра против ковид-19?

Пред 7 недели Јужна Кореја и САД имаат ист број на смртни случаи од ковид-19. Денес, Јужна Кореја (на 52 милиона луѓе) има вкупно околу 300 смртни случаи од вирусот, САД имаат над 70.000 смртни случаи од вирусот.

Се отштека Флоријан Шнајдер

Флоријан Шнајдер почина на 73 годишна возраст по кратко боледување од рак. Тој беше најенигматичниот член на Крафтверк, таков останува и по смртта. Веста за неговото заминување светот најверојатно ја дознава една недела откако е погребан.

И Париз од карантинот ќе излезе со плус велосипедски патеки

Некои од најзакрчените сообраќјани артерии на Париз ќе бидат пренаменети за велосипедисти со цел да се намали гужвата во јавниот превоз во престолнината кога Франција следната недела ќе ги олабави мерките за изолација.

На кој епидемиолог му верувате?

Некако поверувавме дека науката е толку егзактна што ќе ни даде објективни и недвосмислени насоки и упатства, па ние нема да требаме да се мачиме со морални дилеми, филозофски нијанси, погледи на свет и други субјективности. А еве нè денес во ситуaција да треба да бираме меѓу епидемиолози, како да бираме меѓу Битлси и Стонси.

Пентагон создаде тест што ги открива носителите на ковид-19 пред да станат заразни

Ветувањето е дека тестот, преку крв, може да утврди присуство на вирусот на 24 часа по заразувањето, период во кој луѓето се уште не покажуваат симптоми и неколку дена пред носителот да може да го шири вирусот на други луѓе.