Зошто некои електрични се враќаат на бензин?

Американска студија покажува дека не е безначаен бројот на оние кои после искуство со хибридно или целосно електрично возило, решаваат да се вратат на стандардно гориво. Главната причина е онаа која и ја претпоставувате: штекерот.

Универзитетот во Калифорнија испитал 4.000 домаќинства кои имаат или имале возило на електричен погон и откриле дека 20 посто од хибридните гади и 18% од сопствениците на електричен автомобил, решаваат да се вратат на стандардно гориво.

Лојалноста на електричните е нешто поголема отколку кај оние со хибридно возило што не е чудно бидејќи хибридните и онака се компромисни решенија кон целосна електрификација а и онака цицаат бензин.

Главниот проблем кој се наведува заради кој луѓето се враќаат на бензин/дизел е недоволниот комфор при полнење на возилото ,односно пристап до брзи полначи со ниво 2 (240 волти). Една од главните предности на електрично возило е можноста сабајле да тргнеш од дома со „полн резервоар“, без да треба да навратиш на бензиска. Тоа тешко оди со обичен штекер кој се има по дома па сопствениците се принудени тоа да го прават на јавни бензиски, што не секогаш е идеално искуство.

Едно од интересните откритија на студијата е дека жените ги враќаат своите електрични возила со многу повисока стапка отколку мажите.

Студијата исто така вели дека возачи на Тесла имаат најмалку шанси да се откажат од возилото и да се вратат на бензин. На другиот крај се оние кои имаат електричен Фиат 500.

3 мај 2021 - 10:45