Реферирајќи на последната оценка на американскиот центар за заразни болести и превенција, Џо Бајден изјави „заради извонредниот прогрес во нашата битка против ковид-19... ако целосно сте вакцинирани... а сте надвор... а не сте во голема гупа... веќе немате потреба да носите маска.“
Немаше потреба ни досега. Маски надвор се како да ставате семафори на патека на Водно само затоа што се утврдиле дека бројот на сообраќајки е намален онаму каде што бил поставен семафор.
Маските станаа предмет на глобална културна војна во пандемиски услови: За некои, носењето маска е доказ дека некој е одговорен граѓанин кој ја слуша Науката, за други, маската е симбол дека некој е веќе форматиран за авторитарна послушност и дека би носел и самар ако така му се каже.
Несомнено, маските се корисни и драгоцени. Во некои услови. Сите досегашни студии се сведуваат на тоа дека трансмисијата на вирусот се случува кога има продолжен контакт и кога поради непроветрени услови доаѓа до концентрација на вирусот, односно капките и аеросолите кои го пренесуваат.
Во една студија со 25.000 луѓе, не е најден ниту еден кој се заразил од тн. секојдневен живот на отворено. Дури и за масовните надворешни собиранки (локални примери: литијата во Струга, протестите за поддршка на убијците од Смилковско...) постои многу мала евиденција дека имаат предизвикано значајни кластери.
„Генерално сум поборник за зачувување на правила кои имаат јасен бенефит. Носењето маски надвор има забележителни трошоци и никакви докази за бенефит,“ изјави директорот на центарот за динамика на заразни болести на Харвард, Марк Липстич (види: Носењето маска надвор се тера речиси па непотребно).
Оттука, не чуди што земји како Велика Британија никогаш не донесоа одлука за задолжително нсење маски надвор.
„Уште полошо е што Бајден верува дека личната слобода се овозможува со две дози вакцини,“ пишува Роб Лионс.
Нова студија на Универзитетскиот колеџ од Лондон сугерира дека вакцинацијата обезбедува заначајна заштита и од трансмисија внатре. Само една доза од Фајзер ја намалува трансмисијата меѓу домашни лица за 49% а АстраЗенека во тој поглед е ефикасна 38%. Меѓу лица кои живеат заедно дома, внатре. Тешко дека ќе најдете подобар пример за „продолжен контакт.“ Сосема извесно е дека втората доза дополнително го намалува ризикот.
Според официјалниот ковид семафор, 42% од Американците примиле барем една доза вакцина а 29% се комплетно имунизирани. Бројот на смртни случаи им падна од 5.000 (во февруари) на 800.
Ние наскоро нема да бидеме ни до 29 ни до 42. Затоа што немаме вакцини. Ама затоа имаме укази. Затоа што тоа е полесно.
****************
Види: