Живот и забава

За прв пат во историјата Њујорк тајмс направи повеќе пари од интернет, отколку од хартија

Дури и Њујорк тајмс се жали дека за време на пандемијата издишал со реклами, ама затоа па растурил со претплатите за дигиталното издание.

Вирусот ја мина критичната точка, ќе остане засекогаш

Коронавоирусот кој предизвикува ковид-19 досега заболе 16,5 милиони луѓе. Ако постоел момент да го капсулираме, тој момент наверојатно е пропуштен. Најизгледното сценарио е дека вирусот никогаш нема да го снема и ќе демне додека сме живи. Ама па што? И инфлуенцата така, па живи сме.

Дебелината не е дефинирана од тежината!?

Официјалните нови канадски клинички насоки се дека дебелината треба да биде дефинирана според здравјето на човекот, а не само според неговата тежина. ПЛУС, ги советува докторите да престанат на дебелите пациенти да им препишуваат само „вежбај и држи диета“.

Што се случува со италијанските куќи од 1 евро?

Еден дел се реновирани, еден дел се во тек на реновирање, но сите до една се продале, а сега откако пандемијата малку стивна, ќе има и уште една тура.

Зоолошкото портфолио на големата Америка

Во 1906-та година, гинат Даме Груев и Петар Поп Арсов. Во 1906-та година, Холандија воведува задолжителна возачка дозвола за управување моторно возило. Во истата таа 1906-та година, во зоолошката во Бронкс е изложено црно момче, заедно во кафез со орангутани.

Ако не сте гадливи, секогаш постои некаков излез

Да ви раскажеме како една бубачка успева да преживее дури и кога е проголтана од жаба - накратко, така што се пробива низ целиот дигестивен тракт на душманот и на крај излегува од неговиот анус. Молиме да не се брза со евтини политички паралели: онаму од кај што излегува бубачката, во светот на политиката, тоа обично е место во кое се влегува.  

Владимир Арсенијевиќ: Не ми се протестира со шуто и рогато

Арсенијевиќ е писател, панкер, најмлад добитник на НИН-овата награда за најдобар роман (и тоа за неговата прва книга „Во потпалубата“, 1994), основач на книжевниот фестивал Крокодил, денес пишува колумни и есеи... „Секогаш ќе имаме лидер со набабрено его и куп лигуши околу него“, вели во интервју за Време.

Секс, журки и државни субвенции

Фирма за организирање секс забави добила 170.000 фунти државна помош за закрепнување од ковид-19. Дел од британските пратеници, женски и либерални, имаат проблем со ова.

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

Кога некој како Роган решава да го напушти градот кој важи за матица на креативците од светот на филмот, забавата и поп културата, па уште кога како една од причините за егзилот ќе наведе дека му треба повеќе слобода, тогаш не Хјустон туку "L.A.,We Have a Problem".

Хигиенскиот театар околу пандемијата е залудно трошење време

Забележувате ли како исчезнаа научните студии кои се бавеа со тоа колку часови или денови коронавирусот издржува на различни површини, поради кои луѓе фатија да рибаат кваки, да дезинфицираат кеси од маркет, да притискаат копче од лифт со лакт? Требаше да поминат неколку месеци за да дознаеме како таа наука била напумпана. 

Никнало цвеќе прастаро

Научници успеале да оживеат растение од семе старо 32.000 години. Со тоа го срушија досегашниот рекорд за цели 30.000 години. А на некој, патлиџан ќе му порасне и ене го одма на Инстаграм.

Нетфликс растури, рекордни 160 номинации за Еми наградите

На крај пак ќе им пресметуваат колку победи имаат од сите овие номинации, и колку милиони долари ги чини секоја од статуетките, меѓутоа бројката од 160 номинации во една сезона е непобитно спектакуларна.

Вакцината нема да биде крајот на пандемијата, за сега

Иако се поголеми стануваат шансите дека наскоро ќе имаме вакцина, малку е веројатно дека тоа ќе биде „нокаутот“ за пандемијата што го очекуваме.

Вториот бран ковид-19 нема да чека крај на првиот

Сегашните ковид-19 статистики може да изгледаат ниски само кога во октомври ќе надојде вториот бран на пандемијата. Инаку, се уште сме во првиот бран.

Што е неопходно за постигнување имунитет на стадо за коронавирусот?

Имунитетот на стадо / групниот имунитет е митолошка појавa која стандардно се споменува како едно од потенцијалните решенија на пандемијата што ја живееме. Треба да се знае дека ова е многу далечно решение, кое може да значи многу, многу жртви, а по ново може и никогаш да не се постигне.

Америка ја крати изолацијата на 10 дена

Американскиот центар за заразни болести и превенција објави нови препораки околу ковид-19 по кои пациентите со блага или умерена манифестација на болеста ќе треба да бидат во изолација само десет дена. Потоа, ќе можат да се вратат на работа и тоа без тестирање.

Како 60-години стар лек стана главна надеж за пациенти со ковид-19

По неколку месеци глобална пандемија, некаде кон средината на јуни, британски доктори објавија дека имале изненадувачки позитивни резултати со дексаметазон, лек кој со години го користат и им е крајно познат.

Дијаманти против ковид монотонија

Како што маските стануваат задолжителни и сеприсутни, така полека почнуваат да се претвораат во најзабележителниот аксесоар што човек може да го има, а тоа отвора сосема други опции.

Вади бурките

Германска сојузна држава забрани носење на бурка и нихаб, и какво и да е прекривање на целото лице за учениците во сите училишта. Забраната беше придружена со порака од премиерот според кого бурка и нихаб не припаѓаат во слободно општество. Истото правило веќе е во оптек на наставници и останат училишен кадар.

Ајде малку да си се тешиме околу имунитетот

Поразителни беа насловите произлезени од студијата на Кралскиот колеџ во Лондон по која џабе се надеваме на индивидуален и колективен имунитет од коронавирус бидејќи анти-телата траат кратко и потоа нашиот одбрамбен систем повторно почнува од нула. Но, можеби не е сè така црно. Не дека е розово, ама и на сиво човек може да се радува.

За пандемијата ништо добро во скоро време

Колку што првиот бран на пандемијата беше успешен низ светот (потсетување: уште трае), толку првиот бран на глобалното отворање бизниси и враќање во нормала беше неуспешен, и во блиска иднина (месеци) сето ова ќе остане вака.

Ни бебињата не брзаат да се родат во ваков свет

Додека оваа пролет се прогласуваа карантини и се препорачуваше да се седи дома, луѓето од неонаталните одделенија за интензивна нега забележале видлив пад во бројот на предвремно родени бебиња. Во некои случаи падот е драстичен.

Руските елити уште од април примаат експериментална вакцина против ковид-19

Бројни членови на високите бизнис и политички елити на Русија веќе неколку месеци имаат предвремен пристап до експериментална вакцина против коронавирусот, објавува Блумберг.

Левицата денес го прави она што до вчера го правеше десницата

После цел живот поминат на левица, Ноам Чомски си дочека да види како во тој дел од политичкиот спектар се раѓа оној монструм против кој цел живот се има борено. Задушување на слободите, бришење луѓе од јавниот простор, лишување од правото да се дебатира, секакви лустрации, убивање на хуморот и метафората, налудничави ловења вештерки, тоталитарно управување со јазикот..... Цел сет алатки кои до вчера против левицата ги користеа оние кои се десно.