Живот и забава

Ковид може да се фати и трипати

Досега знаевме за инфекции, па за реинфекции па дознавме и за тнр брејктру инфекции, тоест за оние кои закачиле ковид иако комплетно вакцинирани. Излезе првата студија за пациент кој трипати закачил ковид. Некои бре, женска не можат толку пати да фатат.

За СЗО воведувањето на трета доза од вакцината се уште нема издржаност

Податоците околу ефикасноста и безбедноста на засилувачот на вакцината за ковид-19 се уште не се доволно убедливи, објави директорот на СЗО, Гебрејесус.

Локдаунот доаѓа по наплата

Веќе шеста седмица по ред, Велика Британија бележи смртност поголема од просекот, но најголем удел во тоа нема ковидот. Стручњаци велат дека една ипол година пореметено давање здравствени услуги, почнува да го наплаќа долгот.

Студија за чесност се повлекува заради нечесност

Науката секогаш со право е горда на вградената опција за саморегулација и можноста во секое време нешто да се корегира, поправи или комплетно отфрли. Само што за тоа некогаш за тоа требаат десетина години. 

Нирвана ги тужи бебето од омотот на Невермајнд

Спенсер Елден ја тужи групата за сексуално злоупотребување на дете, бидејќи на времето не бил во можност да даде согласност неговата фотографија да биде искористена за омотот на клучниот албум на Нирвана. Со оглед на лудото време кое ни се падна за живеење, ич не сме зачудени.

Австралија стрелаше кучиња од стационар за да спречи ширење корона

Петнаесет кучиња, од кои десет биле кутриња, од еден стационар во Австралија се убиени од властите како би се спречиле волонтерите во стационарот да патуваат до таму за да ги земат и притоа потенцијално да го рашират вирусот.

Прогресивноста ги јаде своите деца

На њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо не само што му е одземена Еми наградата туку е и избришан од листата на добитници. Како да не постоел човекот кој до вчера беше политички херој на културната елита која во него гледаше потенцијален криптонит за некогаш семоќниот Трамп.

Хакер на денот

Заглавен во својот автомобил во некоја бескрајна сообраќајна колона, дечко решил да го хакне билбордот кој бил во близина и на него да стрима порно. За негова голема несреќа, сето тоа се случува во Индонезија.

Демантирани небулозите за 45 дена од прележувањето

„Нема дилема дека антителата што се создаваат кај пациентите по прележаниот вирус штитат одреден период, но имунитетот стекнат од вакцината е многу подолготраен и поефикасен“, ќе рече министерот за здравство Венко Филипче. Голема студија на тема антитела и нивно одржување во телото ќе рече сосема поинаку.

Како до појак имунитет: со прележување или со бустер вакцина?

Пред година дена, дилемата прележување или вакцина беше бааги еретичка. Сега не почнуваме од нула па може да се прелистаат некои опции, иако, со оваа болештија, постојат многу малку константи. Со исклучок на онаа дека мерките и не-мерките кои ги спроведува нашата влада се константно фушерски и идиотски. Караџовски, не е смешно.

Поголема дистанца меѓу двете дози за посилен имунитет?

На почетокот од вакцинирањето имаше логика меѓу првата и втората доза од вакцината да минат само 3 до 4 недели за да може што повеќе луѓе што побрзо целосно да се заштитат. Меѓутоа процената е дека заради тоа сега има потреба од 3-та доза.

Вакцините против ковид се помалку ефикасни против делта сојот

Ефикасноста на вакцината на Фајзер против делта сојот трае само 90 дена по целосната вакцинација, покажуваат резултатите на Универзитетот Оксфорд кој спроведува една од најобемните студии во светот.

Алчноста на фармацевтската индустрија ја пролонгира пандемијата

Кога на почетокот на годинава повеќе држави предводени од Индија и Јужна Африка бараа да им се дозволи да почнат да произведуваат генерички верзии од вакцините на Фајзер и слични, како побрзо би се спречило ширењето и мутирањето на вирусот, тоа беше одбиено затоа што фармацевтските компании под никакви околности немаа намера да го споделат своето знаење. Делта сојот кој пустошува низ светот потекна токму од најсиромашните краеви на Индија.

Речиси половина од руските медалисти се припадници на безбедносните сили

Од 71 медал што го имаат освоено Русите на Олимпијадата во Токио, нешто помалку од половина ги добиваат луѓе од војската, полицијата и националната гарда.

Уште е во игра теоријата дека научник од Вухан е првиот заразен со ковид-19

Главниот инспектор на СЗО за истрагата во Кина тврди дека пандемијата може започнала заради човечка грешка и Кина не е „многу волна да го признае тоа“.

Зошто во Шведска се забранети реклами за деца

Кога Шведска реши да дозволи приватни телевизии, истовремено тргна да ги заштити и најмалите, забранувајќи реклами во кои тие се таргетот. Причината е едноставна: за децата не постои јасна линија меѓу она што им се нуди како телевизиска програма и она што им се нуди како на конзументи.

Наместо вакцинирани, илјадници Германци биле саламурени

Медицинска сестра од северна Германија измамила илјадници луѓе кои верувале дека примаат вакцина против ковид, а всушност добивале само обичен солен раствор. Можно е да се работи за преку 8.000 луѓе.

Богатите се згрозени од уште побогатите

Мирот на староседелците богаташи од Хемптонс моментално е нарушен од најголемиот проблем што го имале до сега - уште побогати луѓе од нив.

ЕУ ќе проверува нови можни нус-појави на Фајзер и Модерна вакцините

Три нови состојби кои се пријавени од мал број луѓе што ги имаат примено вакцините на Фајзер и Модерна ќе бидат истражувани од ЕМА за да се утврди дали се можни нус-појави од вакцинирањето.

За добар анти-ваксер нема лош заговор

Човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со Вил Смит деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија... ако некој воопшто му верува.

На работа! На Онлифанс!

Најдобро платените креаторки на Онлифанс заработуваат 270 пати повеќе пари отколку просечниот Британец кој се решил на потрадиционална професија.

Не си прав феминист ако не направиш вазектомија?

Ако веќе се доживуваш себе како сојузник на жените, време е со дела да застанеш зад своите ставови и да направиш вазектомија, порачува колумнистката на Гардијан, Џил Филипович.

Не можеш да си флејтистка а да мислиш што сакаш

Балтиморската филхармонија ја отпушти својата прва флејтистка. Емили Скала нема утнато ниту една нота и нема пропуштено проба на оркестарот. Ама затоа пишувала постови за потеклото на коронавирусот и се сомневала во ефикасноста на вакцините.

Саут парк останува на Виаком за 900 милиони долари

Треј Паркер и Мет Стоун ќе прават нови епизоди и филмови од Саут парк за Комеди централ, а за возврат ќе добијат едно брдо пари од телевизиската мрежа.