Со одлуката се укинува традицијата според која новороденчињата автоматски го добиваат презимето од таткото.
Според судот праксата на преземање на презимето на таткото е „дискриминаторска и штетна“, и двајцата родители треба да можат да изберат кое презиме ќе му го дадат.
Во одлуката се објаснува дека на детето треба да му бидат дадени двете презимиња по редот по кој ќе биде одлучено, освен ако двајцата не се согласат дека детето треба да земе само едно од презимињата.
За спроведување на новото правило се чека тоа да биде одобрено од италијанскиот парламент, а од италијанската влада изјавија дека ќе го поддржат ова решение.