Неделава универзитетот Стенфорд покажа дека внесување цереброспинална течност од млади глувци во стари глувци ја подобрува функцијата на мозокот, откритие што може да има огромни импликации за деменцијата и други невродегенеративни состојби.
Цереброспиналната течност е бистра течност која се наоѓа во ткивото што го опкружува мозокот и 'рбетниот мозок и е преполна со хранливи материи, сигнални молекули и фактори на раст кои ги хранат невроните.
Поблиското испитување покажало дека течноста ги „разбудила“ процесите кои ги регенерираат невроните и миелинот - масниот материјал кој ги штити нервните клетки во хипокампусот, меморискиот центар на мозокот.
Научниците мислат дека знаат кој дел од течноста првенствено го поттикнува ефектот: протеин наречен серумски фактор на одговор (SRF) чие ниво се намалува со стареењето. Кога користеле фактор на раст наречен Fgf17 за да го зголемат нивото на SRF, постарите глувци ги покажале истите подобрувања забележани кај инфузиите на младите, што укажува на тоа дека тоа може да се користи како третман за подмладување на стариот мозок.
Д-р Тони Вис-Корај, од Медицинскиот факултет на Стенфорд во Калифорнија, вели дека истражувањето стареењето не е фиксен процес туку процес кој може да се управува и дека подобрувањето на околината во која живеат невроните веројатно е подобар пристап отколку таргетирање на самите клетки.
И тоа важи не е само во мозокот каде се очигледни регенерирачките својства на „младите репроматеријали“ туку се чини дека ефектот делува од глава до петици.
Претходно овој месец, Институтот Квадрам во Норвич покажа дека трансплантацијата на фекални микроби од млади на стари глувци ги менува симптомите на стареење во цревата, очите и мозокот. Спротивно на тоа, кога микроби од постарите глувци биле трансплантирани на млади глувци, тоа кај вториве предизвикало воспаление во мозокот, исцрпувајќи го клучниот протеин потребен за нормален вид.
Во 2019 година, американската старт-ап компанија Амброзија нудеше тинејџерска крвна плазма за милијардери од Силициумската долина за цена од 8.000 долари за литар, но подоцна беа затворени. Две години преходно, Амброзија започна клиничко испитување за тоа што се случува со вените на возрасните кога се полнат со крв од млади луѓе, но резултатите никогаш не беа објавени.