Доктор Ашиш Ја за Асошиетед прес изјави дека имунолошката заштита на Американците слабее а вирусот се адаптира за да биде позаразен поради што бустери ќе бидат неопходни за засилена заштита, најдобро со нова генерација вакцини.
Неговите предвидувања се дека почнувајќи од есен, земјата може да се соочи со 100 милиони инфекции од вирусот.
Доктор Ја предвидува дека новата генерација вакцини, најверојатно темелени на омикрон варијантата, ќе пружат многу подобра заштита во очекуваниот есенски бран. Американската агенција за храна и лекови во јуни треба да седне и да реши која варијанта ќе биде таргетирана со новите вакцини, по што ќе бидат потребни два-три месеца тие да бидат произведени.
Во моментов САД ги има исцрпено федералните фондови за да нарача нова тура вакцини па докторот порачува Конгресот итно да обезбеди нови пари.