Живот и забава

Повеќе сакам да живеам на нозе одошто да умрам на колена

Бидејќи уште не може да обезбеди дистрибуција на неговиот најнов филм за американскиот пазар, Оливер Стоун го шета филмот по фестивали на други места на планетава, надевајќи се дека предупредувањата од него некако ќе стигнат и до Американците. Српска Политика го начекала во Џеда, Саудиска Арабија.

Полициски „Тиндер свиндлер“

Слично на оригиналниот „Тиндер свиндлер“ од серијата на Нетфликс, кој манипулираше жени за да им зема пари, овој јунак одел со слични шеми само што нему фетиш му била полицијата, без многу да пребира, машко, женско... Со Тиндер профил на згодна плавуша успеал да убеди цајкан да му ја даде службената кола. Со една друга жртва имал и секс. 

Британските медицински сестри со плата да покажат колку се против Путин

Со целосна сериозност и тежина на позицијата министер во британската влада, Надим Захави (министер без ресор) им порача на медицинските сестри и возачите на Брза помош дека со барањето за покачување на платите работат за Владимир Путин.

Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер

„Ова ќе биде сјајно!“, твитна новиот сопственик на Твитер и почна да одбројува минути, но овојпат не за лансирање на нова ракета на СпејсИкс. Набрзо, преку Мат Таиби стана јасно за што се работи. За интерна документација и преписки меѓу највисоките кругови во Твитер за тоа како се гушеше „незгодната“ сторија за лаптопот на синот на Џо Бајден.

Директорот на Фајзер укорен заради „лажливи“ изјави околу детските вакцини

Тврдењето на ЦЕО-то Алберт Борула дека децата на возраст од 5 до 11 години имаат корист од вакцинацијата ја имаат наведено јавноста на погрешно мислење, порачуваат британските медицинари.

Научници оживеале зомби-вирус кој бил закопан во мраз 50.000 години

Одмрзнувањето на таканаречениот вечен мраз односно пермафрост поради климатските промени може да носи и поинакви закани за луѓето, од оние кои веќе ги знаеме. Истражувачи оживеале речиси дузина вируси - вклучително и еден замрзнат под езеро пред повеќе од 48.500 години.

Покајанието на еден сериозен вакцинален првоборец

Кога се пуштија ковид вакцините во оптек, еден од најугледните британски кардиолози, доктор Асем Малхотра ги охрабруваше луѓето да ги примат, во обид да се надмине колебливоста кај луѓето. Личен губиток, поточно чудната смрт на неговиот вакциниран татко, го предомисли докторот.  

Би-Би-Си како продолжена рака на државата

Смртта на кралицата Елизабета Втора, кога Би-Би-Си се откажа од стандардната програма за сметка на бескрајно, ким-ил-сунговско покривање на настанот, потсети дека овој сервис честопати повеќе е глас на државата отколку глас на народот. А врските се и малку подлабоки од тоа.

Дилан се извини што автограмите ги штанцал

Боб Дилан ретко дава јавни изјави, уште поретко го прави тоа за да се извини. Овојпат го стори тоа, откако се откри дека неговите „рачно потпишани“ книги кои се продаваа за бааги пари, биле потпишани со автоматско пенкало. Му се вртело и не можел да стаса. Плус нагази во деветтата деценија од животот.

Партизански филмови, некогаш дежурната забава за Денот на Републиката

На 29-ти ноември 1943-та одлучено е Југославија да биде уредена како република - укинати се правата на Петар II Караѓорѓевиќ - а на Јосип Броз му е доделена титулата маршал. Од таа република денес имаме: неколку поранешни републики, еден хит од „Забрањено пушење“ и еден куп партизански филмови без кои не можеше ни да се замисли еден ваков празник.

Се зезнавме ли што се исправивме на две нозе?

Исправањето на две нозе не била лесна и едногласна одлука на еволуцијата. Не бадијала цели четири милиони години сме се фемкале околу тоа, вагајќи ги компромисите на тој процес. Следниот пат кога ќе ве стегнат синуси, сетете се дека тие дренажни канали се свртени нагоре, контра гравитацијата.

Критичниот агол на писоарот

Во недостаток на други предизвици, американски оддел за флуидна механика решил да истражи кој облик на писоар најмалку „прска“. Имаат фаворит иако експертите за флуидна механика ја потценуват способноста на сељачиштата да му најдат слаба страна и на идеално дизајнерско решение. 

На вакцинираните сега отпаѓа најголемиот дел од смртните случаи од ковид-19

58% од смртните случаи во САД од ковид во август годинава биле луѓе кои се вакцинирани или бустирани против пандемијата, и ова е само продолжување на тренд кој трае цела измината година.

Вилко го отсвири последниот акорд

На 75 годишна возраст почина Вилко Џонсон, поет и музичар кој ја свиреше гитарата како машин-ган. Помладите можеби повеќе го знаат како немиот џелат од Game Of Thrones. Другите го памтат од Др. Филгуд. Оние кои беа панкери пред панкот.

По две години игнорирање, Си-би-ес ја потврди сторијата за лаптопот на Хантер Бајден

Американската новинска мрежа деновиве објави дека ја потврдува автентичноста на податоците од лаптопот на Хантер Бајден, 769 дена откако Њујорк пост ја објави веста.

Ако ја хакнеме фотосинтезата, ќе имаме ли за јадење?

Научниците обидуваат да ги научат старите култури на некои нови трикови кои ќе им овозможат да преживеат во потешки услови - вртејќи се кон се кон тајните на растенијата како ананас, орхидеи и агаве.

Луѓето како збир од еволутивни грешки и компромиси

Наспроти прекрасните пропорции на Витрувиевот човек на Леонардо Да Винчи, совршено опфатени во кружница и квадрат, нашиот физикус е една збирштина од фабрички грешки, инженерски утки и еволуциски ќорсокаци, што изгледаме како дело на Хомер Симпсон повеќе отколку на кој било друг. 

Европа пред „епидемија на рак“ заради пропустите во ковид годините

За време на пандемијата во Европа се пропуштени 100 милиони проверки за рак, од кои веројатно 1 милион би завршиле со дијагностицирање на болеста, заради што континентот се соочува со „епидемија на рак“.

Кожа на кожа, а не инкубатор

Бебињата родени прерано или премногу мали треба да бидат држени „кожа на кожа“ со мајката или негувателката за да се зголемат нивните шанси за преживување, наместо одма да бидат ставени во инкубатор, е новата препорака на СЗО.

Земјата не е рамна, ама универзумот е?

Полесно е да ве убедиме дека Адам бил направен од кал а Ева од ребро, ама елате да прочитате што вика еден угледен професор од Принстон. Дека ок, локално сме топчести, ама затоа глобално, сè во овој универзум ни е рамно, да порамно (речиси) не може да биде.   

Убави пари од ковид-тестови, убаво се трошат

Жил Мартин, основачот на компанијата за лабораториски тестови Еурофинс која се збрлави од пари за време на пандемијата, и неговиот брат купиле 4 куќи на „Полуостровот на милијардерите“ на француската Ривиера за топтан цена од 130 милиони евра.

Кој со јајца си игра, без јајца останува

Да го судеа по шеријатски закон, студентот кој маваше по кралот со јајца ќе останеше без раката со која фрлал. За негова среќа, остана само без ова другото.

Пожарникари мерат температурата во Сиетл

Состојбата во американските болници е напната. Сезонскиот грип, но пред сè недостатокот од персонал, прават поголеми гужви и од коронавирусот. Работата оди дотаму што од оддел за Ургентна помош во немоќ се јавиле на 911 (Пожарна), да дојдат да помагаат.

„Оревокршачката“, во маалото близу вас

Американските групите за планирање на родителството ја изгубија битката околу правото на жените на слободен избор по одлуката на Врховниот суд за абортусот. Но, жените се само половина од битката. Сега се фокусирани на другата половина, мажите, на кои им се нуди бесплатна вазектомија.