Укинувањето на домашна за почетните одделенија е дел од планот за модернизирање на полскиот образовен систем, кој го критикуваат за ставање преголем нагласок на учење на памет и домашни задачи, а не доволно посветување внимание на критичко размислување и креативност.
По ново наставниците повеќе не може да даваат задолжителна домашна за децата од прво до трето одделение. Од петто до осмо, домашната и сега е факултативна и не влегува во оценката.
Додека корисноста на домашните задачи е оспорувана од едни студии, други покажуваат дека таа им помага на децата да научат како да развијат навика за учење и академски концепти.
За претставниците на полскиот образовен синдикат, укинувањето на домашните ќе ги зголеми разликите во образование меѓу децата кои дома имаат силна поддршка и оние од посиромашни семејства со помалку поддршка и пониски очекувања.
За финскиот едукатор и автор, Паси Салберг, важно е децата да научат дека совладувањето на нешто „обично бара вежбање, и тоа многу вежбање“, дополнувајќи дека ако укинувањето на домашна задача ги натера децата и родителите да сметаат дека училишните очекувања за добивање високи оценки ќе бидат намалени „тогаш работите ќе тргнат многу на лошо.“