Само во Велика Британија, намалувањето на внесот на црвено месо за 8% и негова замена со овие риби може да спречи 10% од смртните случаи од срцеви заболувања во следните 26 години, сугерираат истражувачите.
Придобивките би биле уште поголеми за луѓето од посиромашните земји, покажа анализата. Малите риби, познати како фуражни риби, се богати со хранливи материи и имаат низок јаглероден отпечаток, иако само околу 26% од фатените се консумираат од луѓето.
Остатокот, вклучително и значителна количина ловена крај бреговите на земји кои се соочуваат со неухранетост и несигурност околу храната, се претвораат во рибино брашно и рибино масло, со што се хранат поскапите фармерски морски плодови, како што се лососот и пастрмката.
Во 2019-та година, хроничните болести сочинувале околу 70% од сите смртни случаи ширум светот, при што срцевите заболувања, ракот на дебелото црево, дијабетесот и мозочниот удар се речиси половина (44%) од бројката.
Истражувачите ја проектирале потрошувачката на црвено месо во наредните децении во 137 земји и ја процениле достапноста на фуражна риба како замена за црвеното месо до 2050 година користејќи историски податоци за риболов.
Процената вели дека со трампата би се спречиле меѓу 500.000 и 750.000 смртни случаи на глобално ниво до 2050 година, особено кога станува збор за срцеви заболувања.
Ама па...