Популарниот американски синџир на маркети, Шиц е натоварен со тужба за граѓански права во која се обвинува за дискриминација на малцинските баратели на работа, бидејќи бара од апликантите да немаат криминално досие.
Комисија за еднакви можности за вработување поднела тужба за дискриминаторски практики за вработување кои ги погодуваат малцинските апликанти. Скрининг на досиејата била долгогодишна практика на Шиц која „непропорционално ги погодува црнците, домородните Американци/Алјаска и мултирасните апликанти“.
Тужбата не наведува дека практиките за вработување биле расно мотивирани но резултатот од нив испаѓал дискриминаторски.
Комисијата се повикува на закон по кој мора да се докаже дека некои работодавачот мора да покаже дека некои работни практики се неопходни за да се обезбеди безбедно и ефикасно извршување на конкретните работни задачи.
„Дури и кога ќе се се докаже таквата неопходност, практиката останува незаконска доколку на располагање постои алтернативна практика која е слично ефикасна во постигнувањето на целите на работодавачот, а предизвикува помал дискриминаторски ефект“, велат од Комисијата.
Поради скринингот за криминална историја, биле одбивани 14,5% црнци, 13,5% мултирасни апликанти, 13% домородни Американци и 8% од белци.
Sheetz е синџир на продавници на бензиски пумпи примарно лоцирани во Пенсилванија, Западна Вирџинија, Охајо, Мериленд, Вирџинија и Северна Каролина. Франшизата е најпозната по својата менза.