Рибата-кловн - која стана глобално позната со анимираниот филм „Барајќи го Немо“ од 2003 година, денес служи како реквизит во тековната дебата за сексот и родовиот идентитет. Тоа е затоа што, за разлика од цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите кловн се она што научниците ги нарекуваат „секвенцијални хермафродити“ од протандрозната сорта.
Зошто е тоа така јасно му е на секој кој ја следи дебатата за правата на трансродовите и кампањата да се убеди пошироката јавност дека менувањето пол е вообичаена карактеристика во природното царство, вклучително и меѓу луѓето.
На пример, во Канада, јавно финансираниот CBC емитува документарен филм со наслов „Флуидно: Живот отаде бинарното“ во кој самопрогласената „небинарна“ водителка, Меј Мартин, се повикува на постоење на риби како Немо и разни други суштества кои потврдуваат дека сите ние сме „некаде во спектатор“.
Неодамна и британскиот активист за човекови права Питер Тачел се обиде да изнесе слични аргументи нудејќи го текстот објавен во Геј Тајмс: „18 животни за кои не сте знаеле дека се биолошки транс“.
„Овие животни покажуваат дека полот не е едноставен бинарен, машко и женско“, ќе подвикне Тачел. „Транс и интерсексот се реални. Навикнете се на тоа!"
Написот што го наведува Тачел и оди подалеку, осудувајќи ја самата идеја за „биологија“ како „псевдоинтелектуална“ фиксација на „сепаратистичките лезбејки“ и „десничарските лобисти“. Авторот, извесен Фран Тирадо, предупредува дека дури и спомнувањето на термини како „биолошки пол“, „биолошки маж“ и „биолошка женска“ е проблематично навреда за наводно небинарната родова природа на животот.
По кратка поединечна анализа на 18-те спомнати животински видови за кои се тврди дека се доказ за природниот „транс“, истражувачката на биолошки науки од Манчестер, Ема Хилтон и Џонатан Кеј, уредник во Килет го даваат слелниов заклучок.
Дали некои суштества го менуваат полот? Апсолутно. Но, ова не е нова информација. Тоа е факт за кој биолозите знаат долго време.
Она што е исто така добро познато е дека ниту едно од овие суштества што го менуваат полот не се цицачи, уште помалку луѓе. Тоа се инсекти, риби, гуштери и морски безрбетници чија биологија е различна од нашата на безброј (фасцинантни) начини. Уште повеќе, во секој опишан случај, секогаш има (најмногу) само два различни пола во игра - без разлика како тие два пола може да се префрлуваат или комбинираат. Еден од тие полови е машки, пол поврзан со гонадите кои произведуваат сперма (тестиси); а другата е женска, со гонади кои произведуваат јајце клетки (јајници).
Нема ништо друго на менито. Има само М и Ж.
Да, постои „спектар“. Но, тоа не е имагинарен спектар каков што активисти се обидуваат да го наметнат. Се работи за извонреден спектар на особини, однесувања и еволутивни адаптации што сите овие суштества ги прави дел од големиот натпревар на природата.