Живот и забава

На изумителот на Рубиковата коцка му требал еден месец да ја реши

Интересен детал од раѓањето на најпознатата коцкаста мозгалица на светот. Човкоет прва ја смислил и ја составил коцката за дури потоа да сфати дека има проблем.

Технологијата ќе ни ги убие „Граѓанските преписки“

Ако разлистате по таа драгоцена под-рубрика од нашата Македонштина, ќе сфатите дека тоалетната хартија е една од топ темите на која Македонците често имаат потреба да се објаснуваат (на работа, кафичи и сл). Како се користи, кој зема премногу, дали е фер така... и ред други витални аспекти. И сега Кинезите и нивната технологија мислат дека така било тоа.  

ЧИА си, на кого џабе радости му носиш?

Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот.

Трамп ја кине радиодифузијата

Во првиот предлог буџет на Доналд Трамп има јасни назнаки на неговата политика и за тоа каде тој навистина сака да оди. Од една страна предложи енормно зголемување од воениот буџет, од друга комплетно кинење на секоја помош на јавната радиодифузија.

Животот е работа во администрација

За да бидат примени во каква било јавна служба во Италија, кандидатите прво треба да го минат задолжителниот тест. Во случајот со вработувања во полицијата, овој тест се држи во спортски или концертни сали, за да може да ги собере сите заинтересирани. На последниот конкурс за 14 работни места, има 10.000 кандидати.

Што погрешно научивме на школо?

Нека не ви е криво што како мали ве учеле дека „Тито сите нè гледа“ или дека партизаните се тепале со балистите. Тоа само значи дека сте стари. Оттогаш не издржа ни Плутон, а не па Тито или историските лекции. Седум некогашни факти што веќе не се тоа.

И вибраторот ве шпионира

А вие се секиравте за вашиот смартфон, камера од лаптоп, микрофон од телевизор.... Одиме подлабоко: произведувач на вибратори од Канада ќе треба да плати милионска отштета на темава, што во случајов е доста специфична - кхм - пенетрација во приватноста.

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, во една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се вика „Мојата прва задача“. И во неа се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.

Од кое по ред срце умре Рокфелер?

Во цветот на староста, на 101-годишна возраст почина Пантелија од фамилијата Рокфелер. Починал мирно, во сон, од срце. Но кое по ред трансплантирано срце било тоа?

Миленко О'Нил: Земјата е рамна!

Кошаркарската легенда Шекил О'Нил се придружи на шарената групација стручњаци и интелектуални бардови што не веруваат дека Земјата е тркалезна. Аргументацијата му е генијална: Возел тој од еден до друг брег и сè му било рамно!

Џони, би гуд

Бидејќи ние за некои луѓе не пишуваме само кога ќе умрат, ќе повториме што напишавме за него кога беше жив: „Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

Алкохол вс. диета

И покрај примерот што го дава силуетата на безбројни хронични алкохоличари, алкохолот е широкоградо забрануван во речиси секоја можна диета, а и таму каде што е дозволен тоа обично е во епски квоти од - една чаша вино неделно.

И желбите сити и семејството на број

Го пишуваме ова полека, да не побркаме нешто во веста како што ни е во главата: мајка и син ќе станат татко и ќерка.  

Рускиот хакер за чија глава ФБИ дава 3 милиони долари

За дојава која ќе води до апсење на Евгениј Богачев ФБИ ја понуди досега најголемата награда за сајбер криминал (за Караџиќ и Младиќ беа понудени 5 милиони). А типот е како да е излезен од роман на Иан Флеминг.

Запросување од три години

Цели три години, малку по малку, го подготвувал запросувањето на девојката со која сакал да се ожени. Индипендент вика дека се исплатело. Ние мислиме дека нема везе. Мечка ќе родеше за тоа време.

Адолф Хитлер како Тони Монтанa

Во 1944 година било веќе јасно на каде оди војната и се гледале контурите на германскиот пораз. Но, на брифинзите Хитлер пукал од оптимизам а генералите се прашувале кое ли е неговото тајно оружје.

Брзај, брзај прваче на час по програмирање и лажни вести

Шведските деца уште во првата година во основно училиште ќе почнат да учат програмирање, како дел од напредните "аспекти за дигитална компетентност" додадени во наставната програма.

Ударничкото спасување на Форд

Американските автомобилски гиганти ГМ и Крајслер своевремено се спасија со финаниска инјекција од државата. Форд со запнување: ударнички, прекувремено, без пари.

Политичарката што сака да воведе 100 долари казна за мажи што мастурбираат

Предлогот законот стварно постои и е поднесен, ама поентата не му е да казнува туку да привлече внимание кон друг проблем.

Кога не треба да се слуша народ

Денес само се знае дека на Американците им успева да стапнат на Месечината пред Советите. Тоа што се избриша од знаење е масовната осуда и скептичност на јавноста, политичарите и Ајзенхауер околу целиот проект.

Очите нè направија луѓе

Судбоносната миграција од вода на копно била направена благодарејќи на очите, а не на нозете, тврдат двајца научници. Според нив дури откако прогледале далеку, нашите акватички предци решиле дека треба да почнат да растат нозе.

Рецепт за претерување

Управата на еден американски медицински центар неодамна дошла до едноставна идеја: што ако на своите хирурзи им сугерираат колку аналгетици да препишуваат за секој тип на операција. Резултатите испаднале драматични