Мала нервоза почнува да владее во редовите на бројната тв екипа на норвешкиот бродкастер НРК сместени на крајниот север од Финска, пренесува Гардијан.
Чекаат одбраното крдо елени да тргне на својата регуларна пролетна преселба а тие да го проследат секој момент од тоа патешествие. Планираната емисија ќе биде континуиран пренос на преселбата за која е одвоен телевизиски термин од седум дена.
Ги има околу илјада елени. Засега не тргнуваат. А мораат да тргнат бидејќи храна имаат сè помалку. Само што нивната алфа женка (елените секогаш иаат женски лидери), нешто се фемка и никако да го направи првиот чекор. Ваквиот проект звучи блесаво па сепак за него биле потребни сериозни повеќемесечни подготовки. Првенствено затоа што добар дел од маршруратата не е покриена со сателитски сигнал па морало да се смислуваат решенија како секој чекор на тие четии илјади копита да биде документиран и верно пренесен на љубопитните гледачи.
Инаку ритамот на емисија ќе биде шестчасовно тк'дк, тк'дк по што елените прават дремка од еден до три часа па продолжуваат на југ. И така седум дена. Ако во тој рок елените не успеат да дојдат до својата омилена дестинација, 200 километри јужно на островот Кволеја, возбудувањата ќе се пренесуваат со интернет стриминг. Бродкастерот ветува дека во никој случај нема да биде промашено драмското крешендо на преселбата, кога елените препливуваат до островот.
Ова е 11-ти проект на бавната „од минута во минута“ програма. Започнаа во 2009 година со скромниот седумчасовен пренос на возење со воз. Ние пишувавме за нив кога правеа шоу се плетење и кога со воајерисуваа птици за да се фатат како ќе си рипнат за парење.