Дрвен женски одговор за камен пијани мажи

Неколку стотици индиски невести на една масовна венчавка добиле за подарок дрвени палки со упатство да не ги штедат ако мажите им станат насилни.

Со палки ги почастил министер во централната индиска држава Мадја Прадеш кој сакал да го осветли проблемот со домашното насилство во неговата земја, особено во руралните делови.

Сценариото на таквото насилство е глобално класично: мажот ќе се испијани, ќе ги спичка сите домашни заштеди за алкохол а на крај уште ќе биде и лут па ќе се истури врз жената.

Околу 40 сантиметри долги, подарените палки се онакви кои обично се користат за перење алишта но на овие свадбениве експлицитно им е назначена нивната употребна вредност. На нив пишува: Против пијаничишта.

За идните мажи кои мислат дека куртулиле па ја скокнале оваа масовна венчавка, министерот има лоши вести: нарачал 10.000 вакви палки.

 

1 мај 2017 - 07:54