Речиси третина од шефовите во САД забележуваат раст на лажни изговори за отсуство од работа, што според нив се должи на стресот на работното место кој е резултат на слабата економија.
Иако шефовите во основа им веруваат на своите вработени кога велат дека се болни, 29 проценти ги провериле оние кои земале болување а 16% отпуштиле работник затоа што не донел "оправдание."
70 проценти од тие што проверуваат побарале докторска белешка за отсуството, половина се јавуваат кај работникот дома а 15% ги посетиле во нивните домови, само за да проверат дали овие лажат.
„6 од 10 работодавачи кои ги испитувавме велат дека на работниците им дозволуваат да ги искористат деновите за боледување. Ако сакате да олабавите од канцеларијата, најдобар начин за да не си предизвикате екстра стрес е да бидете отворени и искрени со своите шефови," вели Розмари Хефнер од КариерБилдер, компанијата која го спровела истражувањето.
Број еден причина поради која работниците лажеле за да отсуствуваат е "едноставно не ми се оди на работа," по што следуваат "само сакав да се опуштам" и "морав да се наспијам."
Најчудните изговори:
- Кокошка ја нападна мајка ми.
- Прстот ми се заглави во кугла за куглање.
- Компликации со надградена коса.
- Заспав на работната маса, ја удрив главата и си го повредив вратот.
- Крава ми провали во домот и морав да го почекам човекот од осигурувањето.
- Еден работник во 17 часот се јавил да пријави дека е болен и дека следниот ден нема да дојде на работа. Од кафана.
- Денес не се чувствувам доволно паметен.
- Морав да ја искосам тревата за да не ме тужат од куќен совет.
- Вчера на Денот на благодарноста си ја изгорев устата со пита од тикви.
- Со бродот пловев по езерото Ери, останав без гориво и крајбрежната стража ме сопре на канадска страна