Проектот е во рана фаза и до сега имало состаноци околу концептот, кој најверојатно исто така ќе биде по сценарио на Крис Морган, одговорен за сценаријата на Брзи и бесни серијалот.
Идејата е ликот на Џонсон, Лук Хобс, да влезе во некакво сојузништво со ликот на Статам, Декер Шо, во филм кој би требало да биде готов додека се смислува 9-то продолжение на БиБ. Хобс прв пат се појавува во серијалот во 5-ката, како ловец на бандата на Вин Дизел, а Статам во 6-ката го затвора филмот убивајќи еден од членовите на бандата на Дизел.
Освен најавата и тоа дека Морган уште не почнал да пишува, познато е само дека последното продолжение од филмот до сега во киноблагајните заработи 685 милиони долари.
Овие муабети дополнително ги потврдуваат тврдењата дека на Двејн Џонсон и Вин Дизел никако не им оди соработката, па студиото на овој начин се обидува да го задржи Џонсон во франшизата. Во последниот филм двајцата имаат многу малку заедничка минутажа пред камери.
Од седмицата, тепачката меѓу Хобс и Шо: