Мината година пишувавме за исхраната на Двејн Џонсон од 5.000 калории на ден, која предвидува 7 оброци на ден, и најчесто по околу 1 килограм бакалар дневно. Сега, еден цивил реши да се проба со исхраната и програмата за вежбање на Рок.
Освен што е филмска ѕвезда и кечер, Двејн Џонсон кога не е на тие две задачи е чистокрвен бодибилдер. Магазинот Масл енд Фитнес, го објавува неговиот режим за исхрана. Човекот јаде 7 пати на ден.