Треба да се знае дека дечкото, Марк Вебстер, ниту е поранешен кечер, ниту е дел до Брзи и Бесни, ниту има шоу на ХБО, туку е само-вработен човек кој во последниве неколку години се обидува да се стави во форма. Кога Вебстер ја чита диетата на Рок, негов прв инстинкт не да се престраши и да го затвори табот, туку одлучува и тој да се води по оваа програма.
Вебстер ова го прави од 1-ви февруари до 1-ви март, и целиот прогрес го запишува кај него на сајт (http://rockingfor30days.com/), Рок програмата ја тера 6 месеци. Главниот заклучок од целиот експеримент е: да се биде Рок е истоштувачки и скапо.
Според неговите бројки во овие 30 дена, тој има потрошено 1.262 долари на храна, или околу 42 долари на ден, од кои 18 долари му се за бакалар.
Не само што е скапо да се храниш како Рок, туку и бара многу време. Вебстер троши меѓу час и час и половина дневно на подготвување храна. Некаде сред експериментот тој открива дека локалната продавница за риба бесплатно ќе му го подготви бакаларот на пареа, што му го скратува времето. Без конкуренција, подготвувањето 13 килограми храна за 3 дена е најтешкиот дел од предизвикот.
Јадењето на секој од овие оброци му трае околу 20 минути, што помножено со 7 оброци на ден, одзема 2 часа и 20 минути од денот.
За да не биде само таложење калории, тој ја почнува и програмата за вежбање на Рок, па на тренинзите прави еден час кардио, по што следува час и половина на тегови. Има тренинзи 6 дена во неделата, седмиот одмара. Оваа рутина согорува околу 3550 калории дневно.
Во овие 30 дена, Вебстер минува вкупно 60 часа на вежбање. Заедно со подготвувањето храна, јадењето и вежбањето, тој на предизвикот троши околу 5 часа дневно.
Крајните резултати се:
- Да се биде Рок е закон.
- Килажата, и после јадење на целата таа храна, речиси и да не му мрднала. На почетокот бил 93,4 килограми, на крај бил 93,9 килограми.
- Качил сериозна количина на мускулна маса. Рацете му се зголемиле во обем, нозете (горниот дел) му се зголемиле во обем, и притоа значително се "исчистил".
- Веќе не чувствува некои мали болки што претходно ги имал.
- Процената му е дека за еден месец има напредок во килажата што ја крева за 10 до 15%
Последен совет на Вебстер е дека програмата не е за секого:
"Не може од цел живот дремење на кауч да се ставиш на оваа програма, затоа што најверојатно ќе те убие. Јас вежбам веќе неколку години.
Човекот вежба сериозно напорно. Тоа му е работа; од тоа живее, тоа што изгледа вака и вежба вака секој ден од животот додека паралелно снима филмови, по 14 часови на снимање - таа дисциплина ми е апсолутно зачудувачка. За мене не е толку 'дали можеш да изгледаш како него' колку што е 'дали можеш така напорно да вежбаш како него?'"
Целата диета на Рок ја имаш тука.