Темба Горимбо е борец од Зимбабве кој годинава се приклучи во УФЦ каде има еден пораз и една победа. Пред да се бори на УФЦ Вегас 73, Горимбо на сметка има вкупно 7,49 долари.
И пред и по борбата тој спие на кауч во ММА Мастерс клубот каде што вежба, а преживува главно благодарејќи на оброците што ги добива кои му следуваат кога ќе потпише за УФЦ.
Неговата приказна ја шири најголемата филмска ѕвезда во Холивуд, Двејн Џонсон, кој се присетува како и тој на прапочетокот од својата кариера доаѓа во Мајами со само 7 долари во џеб.
Пред некој ден двајцата лично се запознаа, а Рок му поклони куќа на Темба за веќе да не мора да спие во клубот.