Вежбачкиот курс официјално се вика „napercise“ и во него најактивни се трепките, барем додека не се постигне главната цел на вежбата, потонување во освежувачка и благопријатна дремка.
Курсот е дизајниран како одговор на стресниот начин на модерното живеење а инструкторите велат дека главни клиенти очекуваат да им бидат исцрпени родители.
Веста за оваа теретана која нема да мириса на пот доаѓа среде зачестените докази за вистинска епидемија на замор која се случува во Велика Британија. 86% од родителите велат дека секојдневно се чувствуваат изнемоштени а 26% од нив не можат да си дозволат спиење подолго од пет часа.
Затоа кај овие, наместо справи ќе се нудат кревети, наместо запаливи ритми ќе се пушта релаксирачка музика а и температурата на просторијата ќе биде подесена на она ниво на кое науката вели дека најмногу се трошат калории во сон.
„Спиењето е многу поважно отколку што мислат луѓето. Најчесто се гледаат само краткорочните ефекти на несоницата како штое заморот и недостатокот на внимание но сонот е есенцијален и за долгорочното физичко и ментално здравје“, вели експерт кој учествува во проектот.