Ако се земе предвид дека Марвел е единственото студио кое знае пристојно да состави еден универзум од суперхерои, и тоа да биде проследено со лавина од пари, буни зошто Фиџ би најавил каква било промена на добитната формула.
"Како што се приближуваме кон Војна на бесконечноста постои одредено чувство на климакс ако не и заклучок на 22-та филма од кои беа составени првите три фази на Марвел стрип универзумот.
И она што потоа ќе се случува ќе биде комплетно различно. Не знам дали ќе биде фаза четири, може да биде и сосема нова работа," изјавил Фиџ.
Во интервјуто за Колајдер, тој објаснува и дека голем дел од ѕвездите на актуелните филмови (Дауни, Еванс, Рафало) се на крајот од своите договори, па тоа дава дополнителна несигурност околу тоа што ќе се случува со сегашната верзија на Марвел универзумот. Смената на актерите (на пр. нов Тони Старк) никого не би изненадила и затоа што за разлика од остатокот од Холивуд, Марвел не се потресува претерано на надворешни влијанија, па затоа и не му се случуваат ситуации во кои 3 различни актери го глумат Спајдрмен во рок од една деценија или неколку (идентично неуспешни) постави на Фантастичната четворка.
"Постигнувањето на Марвел не треба да се игнорира. Со создавањето на концептот за кино универзум тие ефикасно го решија проблемот што ги опседнува студијата уште од почетокот на ерата на блокбастери: како да ја задржиш публиката постојано да се враќа назад по повеќе без да заглавиш во само-поразувачки циклус на бескрајни продолженија и римејк?
Еден од начините да се избегне постојаното ангажирање исти актери или ризикот да се продолжи со се постарата екипа - Дауни во 2020 ќе има 55 години - е во продолжетокот на Војната на бесконечноста да се стави крај на сагата, а Марвел потоа целиот универзум да го почне од старт. Може ќе ги видиме приказните за настанокот на клучните Авенџери, со нови глумци во улогите на Тор, Капетан Америка, Хулк и Ајрон мен," пишува Бен Чајлд во текстот за Гардијан.
За сега најава за правецот кој ќе го фати Марвел после фаза 3, се смета првиот самостоен филм на Бри Ларсон како Капетан Марвел, Камбербач како Доктор Стренџ и првиот самостоен филм на Спајдрмен што го гледавме во последниот Капетан Америка.