Стокхолм ќе се грее на сервери

Нуспојава од тоа што Стокхолм се намести како глобален центар за индустриски големи дата-центри е што имаат вишок топлина со која мора некако да се справат. Нуспојава од тоа што се Швеѓани е што оваа топлина ќе ја искористат на најкорисен можен начин.

Планот на Стокхолм е 10% од станбените објекти во градот да се греат со вишокот топлина од дата-центрите. Пресметката е дека еден 10-мегаватен дата-центар може да обезбеди греење за 20.000 станови, за што инаку би биле произведени 8.000 тони ЦО2.

Токму опцијата за греење на сервери е една од поволностите што градот им ја дава на компаниите кои ќе решат своите сервери да ги монтираат во Стокхолм. Според програмата градот им плаќа пари на компаниите за вишокот топлина или им компензира со бесплатно ладење на дата-центрите.

Опремата која оваа топлина ја претвора во нешто корисно е снабдена од тамошниот "оператор за греење", што сериозно го намалува целиот трошок проектот.

Вишокот топлина е еден од најголемите и најскапите проблеми за сите дата-центри. Според една пресметка дата-центрите користат подеднакво енергија колку и глобалната авио-индустрија. А за следната декада потрошувачката се очекува да се зголеми за 3 пати.

 

25 април 2017 - 11:28