Bookbox

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Негативните очекувања можат да влијаат врз нашето здравје повеќе отколку што мислиме, па дури и да се пренесуваат, како да се заразни, од други луѓе. Податоците покажуваат дека ефектот на тн. ноцебо е во пораст, главно поради прекумерното информирање кај „доктор Четџипити“.

Букбокс гледанка: „Враќањето“ (2024)

Филм на Уберто Пазолини - адаптација на митот за Одисеј, но само делот со враќањето. Иако ова фокусирање на финалето најпрвин делува како добра идеја, кастрењето на нарацијата за таа да личи на разрешување на модерна брачна криза - без богови и киклопи - всушност се покажува како голема утка, дури и со прекрасните Ралф Фајнс и Жилиет Бинош во кадарот.

Зошто сите постери за комедии имаат огромни црвени букви?

Од најновиот „Нан“, преку постарите како „Има ли пилот во авионот?“ или „Американска пита“, еден шаблон постојано се повторува во дизајнот на постерите за комедии. Кој и кога го започнал овој тренд?

Сенката на еден 90 години стар Пулицер врз Њујорк Тајмс

Денес, 9.5, навечер по македонско време, ќе бидат соопштени добитниците на овогодинешните Пулицерови награди. Во досегашната историја на ова престижно признание убедливо води Њујорк Тајмс, со 132 добитници кои објавувале на неговите страници. Но војната во Украина фрли сенка врз eден награден од пред речиси еден век.

Необични приказни за знамиња

Љубителите на серијата „Биг бенг тиори“ знаат за „Забава со знамиња“ (Fun With Flags), видео блогот што го снима Шелдон за само неколкумина гледачи (всушност, само за себе). Но приказните за некои од знамињата се навистина интересни. Во една од нив две држави случајно сфатиле дека имаат исто знаме.

Букбокс читанка: „Пред да се излади кафето“ од Тошиказу Кавагучи

На 28 мај во „Паблик рум“ ќе се одржи Фестивал на јапонска култура „Нихон-џи“. Како најава на пребогатата програма пишуваме за книга на јапонски автор, базирана на театарска драма, роман кој е симпатично истражување на нашата потреба да интервенираме во поредокот на нештата, дури и во крајно детерминистички универзум.

Како да зафркнеш цензори

Британски режисер, како форма на протест, снимил десетчасовен филм кој извесен Одбор за подобност требало да го гледа за да му додели маркица за категорија гледачи. Цели 607 минути овие зјапале во - ѕид.

Букбокс гледаше:„Џулија“ (мини-серија, 2022)

Новата серија на ХБО во осум епизоди е трет телевизиски производ во краток период посветен на готвачката која ја промовираше француската кујна во Америка. Од каде ваков обновен интерес за нејзиниот лик? Најверојатно има врска со пандемијата, но можеби и со генералната потреба некој да нè утеши, макар и со крезли.

„Глупав“ или еден од најславните коњи во историјата

Како што Букефал е нераскинливо поврзан со Александар Македонски, така Бабиека е подеднакво важен историски лик за Шпанците колку и нивниот национален херој, Ел Сид. Потеклото на неговото име има врска со една легенда.

Златна машина за куцање: Гугл вклучи функција на „инклузивен јазик“ во своја апликација

Гугл Докс овој месец воведе „воук“ функција, со тоа што ги предупредува корисниците кога внесуваат англиски зборови или изрази коишто алгоритамот ги смета за неинклузивни, како „полисмен“, „фајрмен“ или „хаусвајф“. За среќа, дури и нај „разбудените“ се нервираат некој постојано да им мрчи додека куцаат. 

Пензионерка украла уметничко дело - палто и си го поправила кај шнајдерка

Шеташ низ музеј и гледаш работничко палто како виси на шајка. Си велиш - веројатно го заборавил молерот или водоводџијата. Си го ставаш во торба и спокојно си заминуваш. Нештата кои се во џебовите ноншалантно ги фрлаш, несвесен дека уништуваш уметничко дело. 

Нова книга на Дејвид Брн - „Историја на светот во вињети“

Книжарите и критичарите имаат проблем да ја категоризираат оваа книга, која е комбинација на зборови и цртежи, за човечките вистини кои се разоткрија особено за време на глобалната пандемија, која стана споделено искуство на нашиот животен век.

Лоши „вајбови“: музичката нота од која облева студена пот

Морничавата моќ на одредено ниско „ла“ е само една од мистериозните вибрации истражувани од композиторот Ричард Мејнворинг во неговата нова книга.

Букбокс гледаше: „Точка на вриење“ (2022)

Нискобуџетна драма, снимена во еден кадар, која ни ја отсликува високата тензија која владее во кујните на познатите ресторани. До точка на вриење, препржување, загорување, пукање.

На меѓународниот ден на џезот: кога Дерида го интервјуираше Орнет Колман

Филозоф и музичар - на прв поглед не баш најприродниот пар, но кога зборуваат Дерида и Колман, на теми како импровизација, јазик и расизам, тоа делува баш така, многу хармонично и природно.

Големата бензинска измама од 1916

Денес, да се појави некој којшто тврди дека од вода може да направи бензин (и да го демонстрира тоа), веројатно ќе биде прогласен за божество. Тоа за малку ќе му се случело на еден изумител, само што испаднало дека неговиот „бензин“ е сепак малку „зачинета“ вода, доволно колку да проработи моторот, а потоа многу бргу да кородира.

Како се знаело каде се локалните граници пред географските карти?

Денес постојат знаци на влезот на градовите, обележани гранични премини помеѓу државите. Дури и на микро ниво се знае каде завршува а почнува една општина или населба. Но во минатото ова знаење било пренесувано усно, а утврдувано преку различни начини на помнење на физичкиот простор.

Приказната за Фу-го, балоните-бомби кои Јапонија ги пуштала преку Тихиот океан врз САД

При крајот на Втората светска војна на Јапонците почнало да им станува јасно дека мораaт да сменат тактика ако планираат да победат. Не дека ова многу им помогнало, но идејата била ингениозна - тие дизајнирале и пуштиле во воздух 9300 „огнени балони“, бомби кои требало да го преминат Пацификот и некако да стигнат до САД. Некои навистина и стигнале, па дури и успеале да убијат неколкумина цивили.

Зошто војуваме?

Додека е во тек она што би можело да биде најкрвавата војна на европско тло од 1945 наваму, нова книга се обидува да објасни зошто и кога човечките суштества војуваат, и - според авторот - зошто тоа го прават ретко.

Првата американска детективка, која спречила атентат на Линколн

Се викала Кејт Ворн. Преправена во сестра и негувателка на претседателот помогнала во разоткривање на заговор за убиство на 16-тиот претседател на САД.

Кога суделе мртов папа

Познат како „Синодот на еден труп“ (Cadaver Synod), постхумното судење на папата Формозиј било резултат на хаосот на деветиот век, кога различни фракции се бореле за контрола на католичката црква. 

Бричот на Ханлон или кога мислиш дека некој е зол, а всушност е само глуп

Правилото на Ханлон гласи: „Никогаш не припишувај злоба на она што адекватно се објаснува со глупост“. Познато како вид филозофски „брич“, тоа е начин да се објасни човечкото однесување, но и за да се утешиме, дека не е сè насочено против нас, туку е просто - глупаво. 

„Калас-трофа“: Моника Белучи како Марија Калас на театарската сцена

Италијанската актерка настапи во улогата на оперската дива на сцената на Театарот на Нејзиното Височество во Лондон. И обожавателите на Калас, и оние на прекрасната Белучи, останаа разочарани.

Била одгледувач на свињи, морнар, коцкар. Сега продава книги на крајот на светот

Рут Шо (75) имала бурен живот, кој вклучува пирати, свињи, психијатриски болници и сексуална работа. Сето ова сега го раскажува во нов мемоар под наслов „Продавачката на книги на крајот на светот“.

На Меѓународниот ден на продавниците за плочи: прв биопластичен винил

Денес, 23 април, е Рекорд стор деј, шанса љубителите на винилите да се соберат на едно место (кај нас во МКЦ) и да додадат уште по некоја плоча во своите колекции. Сепак, враќањето кон винилите покрена прашања за нивното влијание врз околината. Сега и за тоа има решение. 

Јапонско кафуле од кое не може да се излезе без напишан текст

Некому ќе му асоцира на пеколно заложништво. Нам ни изгледа како добар начин сите оние кои имаат дипломска, превод или поглавје од книга за пишување да седнат и под притисок да ја завршат работата. За секое надминување на рокот кој самите си го поставиле се плаќа казна.