Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина Мајкл Мадсен од „Резервоар догс“ и „Кил Бил“

4 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

(фото: Epa Images)

  • На 67 годишна возраст, Мајкл Мадсен, најпознат по соработките со Квентин Тарантино и над 300-те филмови во кои е наведен како актер на Имдб, е пронајден мртов во својот дом во Малибу. Првично, станува збор за срцев удар.
  • Неговата филмографија опфаќа антологиски филмови како „Дони Браско“, „Телма и Луиз“, „Град на гревот“ и „Дорс“, но поради долгови на списокот има и куп промашувања, на пример филмови на руски јазик во кои е именуван само како „агент“, а позајмуваше и глас за видео игри. За негова најголема утка се смета пропуштањето на улогата на Џон Траволта во „Палп Фикшн“ затоа што тогаш го снимал „Вајат Ерп“.
  • „Ако Том Хенкс ја долови природната пристојност на просечниот Американец, Мадсен беше од оние кои ликови на кои не сакате да налетате во полноќна сендвичарница или во празен вагон на градското метро, еден од оние кои ве ежат дури и ако се само ликови во роман на Чендлер.“ (тука)
извор

Почина легендарната Милка Ефтимова

13 August 2025
  • Share
  • Post
  • Утрово, 13.08., во Скопје почина Милка Ефтимова, оперска примадона која настапувала во повеќе од 20 земји во светот. Имаше 89 години. 
  • Алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ја паметиме по улогата на Кармен, која ѝ донесе и регионална слава и по прекрасниот глас што останува наше културно и духовно наследство.
  • Милка Ефтимова е родена во Радовиш на 26 февруари во 1936. Завршила средно музичко училиште во Штип, музичка академија во Љубљана, и предавала на Факултетот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје. Во 1961 за првпат застанала на сцената на оперскиот театар. Првата улога ѝ била Ацучена во Вердиевиот „Трубадур“, а од оперската сцена јубилејно се простила со улогата на Кармен во 1991 година. Тоа ѝ била 157. претстава.
  • Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св.Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009).

 

извор

Пријави нов збор за првата Зборотворба на годината

12 August 2025
  • Share
  • Post
  • Јазичната иницијатива „Зборци“ го најавува првото издание на „Зборотворба на годината“ – настан посветен на создавање, славење и негување на новите зборови во македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи во септември 2025 година, во чест на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.
  • Од „Зборци“ велат дека овој настан е резултат на идеја која долго време живеела во заедницата, пренесувана од една генерација на љубители на јазикот на следната. „Зборотворба на годината“ е аманет што сега станува реалност (види: Манифестот кој требаше да се случи)

Повикот на Инстаграм (бараат и волонтери)

Вашите предлози тука. Рокот за испраќање е 1 септември.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

А ќе речеш професорка

Македонски рулет
2

Швалери, да знаете, вака е во ЕУ

Балканштина
3

Шуќур добра домашна реклама

Видео
4

Социјален брутализам

Балканштина
5

Понуда од Трамп за Путин: минерали за мир

Свет
6

Само на влечуги им е добро во овој град

Македонштина
7

Тешко на вештачката интелигенција со албанската природна корупција

Балкан
8

Така беше

Македонштина
1

Во очекување на кул патики според нашите опинци

Bookbox
2

Апокалипса: нова книга за прастара тема

Bookbox
3

Џабе совети, пак носиме одлуки сами

Bookbox
4

Како СССР ги убедувал селаните да летаат 

Bookbox
5

Кратка историја на маиците со слогани

Bookbox
6

Почина легендарната Милка Ефтимова

7

Зошто слоновите не заболуваат од рак (а змиите да)?

Bookbox
8

Панде Манојлов: македонскиот поет кого Палестинците го нарекуваат „Братот од Балканот“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански електролити и пробиотици

Македонштина

Така беше

Балканштина

Швалери, да знаете, вака е во ЕУ

Балканштина

Социјален брутализам

Македонштина

Што научивме од нашите несреќи?

Македонштина

Ќе се најде ли буквалист?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кансел културата стигна и во Босна

Бона Чао

Летвичката за пијанство е подигната

Барок во Лисиче

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy