Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Промоција и читачки кружок за „Суспендирана итност“ од Ивана Хаџиевска

11 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Неделава ќе се одржат промоцијата и читачкиот кружок на првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, со која воедно се отвора едицијата „Современа теорија“ во издавачката куќа „Илика“.
  • Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни (петок), во 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“. Разговорот со авторката ќе го модерира преведувачката и истражувачка Андријана Папиќ Манчева, а низ него ќе допрат до клучните теми кои ја сочинуваат богатата содржина на оваа збирка есеи.
  • Средбата на читачкиот кружок е закажана за 14 јуни (сабота), во 19 часот, во социјалниот центар „Дуња“. Низ отворен разговор со авторката, на средбата присутните ќе имаат можност подробно да поразговараат за есеите, да споделат импресии од прочитаното и заеднички да ги толкуваат во поширок контекст.

Букбокс интервју со авторката тука

извор

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

29 July 2025
  • Share
  • Post
  • „Македонската книжевна сцена со години, ако не и со децении е заглавена во еден вртлог на немање силна, разумна, издржана критика. Нема критика која пробува критички и теориски да пристапува на книжевните дела и да ги елаборира нивните добри и/или лоши страни наместо само да ги хвалоспева делата што се појавуваат во македонската книжевна продукција“ - пишува Андреј Медиќ Лазаревски за Култура Бета.
  • Во ситуации како во нашата домашна книжевна продукција, кога самата продукција е во состојба да издава колку што издава, неопходно е формирање на јасна, здрава, цврста и издржана критичка мисла за да може самата продукција да се филтирира, а со тоа и да се подобрува, да напредува и, секако, да воспоставува комуникација, дијалог и дискусија за книжевните дела кои се објавуваат наспроти воспоставената пракса на „тапкање по рамо“ и зборување „зад грб“.
  • Зарем непишувањето на текстови за некои дела не е доволна критика за самите нив. Зарем игнорирањето на лошите книги не е доволна критика за нив. Зарем неучеството на тие дела во јавната книжевна дискусија не е доволна критика за нив!? Не! Одбегнувањето на лоши книги не е ниту субверзивно, не е ниту кул, не е ниту естетички и книжевно-теориски оправдано. 
извор

Рибарски караници на Ротинско езеро

22 July 2025
  • Share
  • Post
  • Премиерата на претставата  „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.
  • Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.
  • Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Билети за 26.07. тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Лов на лакоми кленови

Македонштина
2

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина
3

Солун е ваш

Македонштина
4

Деца на кофеин

5

„Предавник“ на српски

Балканштина
6

Хрватска уште е наша, балканска

Балканштина
7

Не би не чудело сомнежот да е на место

Разно
8

Комарџии не престануваат да се закануваат на тенисерки

1

Полека (мор' полека) со ботаничкиот „сексизам“

Bookbox
2

Аудио од филмот „Брачна приказна“ со Скарлет Јохансон и Адам Драјвер се користи за - бркање волци

Bookbox
3

Кога Алис Купер го спасил холивудскиот знак

Bookbox
4

Џон Вилијамс, композиторот на „Војни на ѕвездите“, на 93 дебитира со пијано концерт

Bookbox
5

Братот на Олдос Хаксли бил прв директор на УНЕСКО и - еугеничар

Bookbox
6

Историја на атентатите - од Франц Фердинанд до Осама Бин Ладен

Bookbox
7

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

8

Рибарски караници на Ротинско езеро

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Хрватска уште е наша, балканска

Македонштина

Солун е ваш

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Балканштина

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина

„Предавник“ на српски

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да не бидете добронамерна шовинистичка свиња

Година на брзите усти

Оние кои го губат јазикот, го губат и здравјето

Најнебитниот знак на светот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy