Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Рибарски караници на Ротинско езеро

22 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Премиерата на претставата  „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.
  • Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.
  • Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Билети за 26.07. тука

извор

Пријави нов збор за првата Зборотворба на годината

12 August 2025
  • Share
  • Post
  • Јазичната иницијатива „Зборци“ го најавува првото издание на „Зборотворба на годината“ – настан посветен на создавање, славење и негување на новите зборови во македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи во септември 2025 година, во чест на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.
  • Од „Зборци“ велат дека овој настан е резултат на идеја која долго време живеела во заедницата, пренесувана од една генерација на љубители на јазикот на следната. „Зборотворба на годината“ е аманет што сега станува реалност (види: Манифестот кој требаше да се случи)

Повикот на Инстаграм (бараат и волонтери)

Вашите предлози тука. Рокот за испраќање е 1 септември.

извор

Смилево беше европска лабораторија за алтернативна фотографија за време на „Зрно“

11 August 2025
  • Share
  • Post
  • Околу педесет фотографи, студенти по визуелни уметности и млади автор(к)и од цела Европа, заедно со волонтери од Македонија, Србија и Словенија, учествуваа на седмото издание на фестивалот „Зрно“ – платформа посветена на алтернативни и благородни историски фотографски процеси. Собирот се одржа во манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево од 17 до 23 јули.
  • Наместо класична школа, уметничка колонија или резиденција, „Зрно“ понуди простор за игра, експерименти и длабинско истражување на заборавените благородни фотографски техники. Се изработуваа цијанотипии, колодиумски плочи, гумени печати, лумен принтови итн., со целосна слобода во истражувањето и многу уживање – често со користење локални материјали, природна светлина и импровизирана опрема. 
  • Избор на негативи од опусот на браќата Манаки, љубезно отстапени и скенирани од Архивот на Македонија – одделение Битола, беа користени и интерпретирани во некои историски техники, и им беше даден нов живот и современа интерпретација, како начин да се оддаде почит кон нивното дело како дел од соработката на „Зрно“ со Архивот на Македонија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Обичните српски херои

Медиуми
2

Русија добро се опремила со нуклеарни проектили

3

ЕУ дала пари за ковид, владата на Туск ги трошела на јахти и свингерај

Свет
4

Сватко муабетче

Балканштина
5

Комета збришала древна цивилизација пред 12.800 години

Занимливости
6

Зеленски се спрема да отпише територии

Свет
7

Богати и слaвни (Ohrid Edition)

Македонштина
8

Тивкиот голман со 21 трофеј во Барселона кој исчезна од јавниот живот

Фудбал
1

Зошто слоновите не заболуваат од рак (а змиите да)?

Bookbox
2

Како СССР ги убедувал селаните да летаат 

Bookbox
3

Пријави нов збор за првата Зборотворба на годината

4

Букбокс гледанка: „Довлатов“ (2018)

Гледанка
5

Документарна серија „Господин Скорсезе“ во октомври

Bookbox
6

Запознајте го Лери, најцитираниот мачор во светската наука

Bookbox
7

Смилево беше европска лабораторија за алтернативна фотографија за време на „Зрно“

8

Мускул - нова книга за органот кој ги движи и нашето тело и нашата култура

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Препознатлив македонски градежен стил

Балканштина

Сватко муабетче

Медиуми

Обичните српски херои

Македонштина

Богати и слaвни (Ohrid Edition)

Балканштина

Сама си го бараше

Балканштина

Не, немате вие чуден комшија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како ова на сите им беше толку јасно... до вчера?

Службени песни на македонското здравство

Отворено писмо до говнарите

102,5% Фериде

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy