Англиското „хенговер“ означувало преноќување висејќи преку јаже

Во Викторијанска Англија најевтиното преноќување коштало едно- две пени. Најчесто кон него прибегнувале пијани морнари на кои комфорот и не им бил приоритет после испиената дневница. Доволно им било да висат преку јаже. 

Во Викторијанска Англија, изразот „трезнење за две пени“ не се однесувал на некаква магична и евтина расолница туку на мрачен облик на преноќување за сиромашните и бездомните. За оваа мала сума луѓето кои немале кров над глава можеле да го добијат во засолништа каде буквално се „висело“ преку јажe, седејќи на клупа. Овој начин на ноќевање бил толку чест што бил спомнуван и во книжевноста од тоа време.

Во зависност од тоа колку пари имале, бездомниците можеле да изберат помеѓу неколку опции: за едно пени можеле да седат во просторија цела ноќ, но не смееле да спијат; за два виселе преку јажe и можеле барем малку да одморат; а за четири или пет пени можеле да легнат во дрвена кутија слична на ковчег, каде им се давал и чаршаф од кожа или платно и евентуално топол пијалок со парче леб. Иако овие услови денес изгледаат ужасно, во тоа време тие биле еден од ретките начини луѓето да избегнат ноќ на ладно.

Џорџ Орвел, кој живеел како бездомник за да ги истражи овие скриени катчиња на општеството, ги опишува ваквите трезнења во својата книга „Никој и ништо во Париз и Лондон“. Чарлс Дикенс, пак, во „Записи на клубот Пиквик“ преку хумор ја прикажува апсурдноста на спиењето преку јаже што наутро нагло се одврзувало за луѓето паѓајќи од него да се разбудат и да си заминат.

Иако се чинат како дело на фантазија, овие ноќевања се всушност доказ за суровата реалност на сиромаштијата во 19-тиот век. Населението во Британија се зголемило трипати во тој период, а индустриската револуција и миграцијата во градовите довеле до пренаселеност, невработеност и глад. Илјадници деца живееле на улиците, а животот за сиромашните бил исполнет со постојана борба.

Армијата на спасот, основана во 1865 година, ги забележала овие состојби и започнала да организира засолништа, вклучувајќи ги и дрвените „ковчези“ во кои луѓето барем можеле да лежат и да се одморат. Во некои градови секоја вечер во ваквите засолништа спиеле по 200 до 300 луѓе. Има теорија дека изразот во англискиот „hangover“ (мамурлак) потекнува токму од овие тешки услови. 

24 јули 2025 - 19:13