
Старогрчките „миз“ и „мизо“ на почетокот на зборот сигнализираат силна одбивност, мразење. Да се има ваков став кон некои нешта е поразбирливо (на пример мљацкање кога некој друг јаде). Ама па други делуваат премногу специфични за да има посебен збор за нив. Па сепак, таков постои што значи дека има доволен број луѓе што го мразат тоа нешто. Еве неколку такви изрази:
Мизодоктаклидист
Овој комплициран термин означува личност што мрази да вежба на пијано. Веројатно станува збор за не е многу добар пијанист, и покрај сите часови на кои родителите го терале да оди.
Мизокапнист
Ако не поднесувате чад од цигари, тогаш сте мизокапнист. Иронично, но има и пушачи на кои не им пречи кога самите пушат, но не сакаат да се наоѓаат во зачадена просторија.
Мизонеист
Мизонеистот мрази новитети, трендови и иновации. Веројатно е личност која на собири ќе ви зборува дека „сè порано било подобро“. Точно.
Мизопогонист
Овие луѓе не ги поднесуваат брадите, се претпоставува и својата и туѓите. Не ни е познат термин за луѓе што мразат само мустаќи.
Мизогеласт
Терминот, измислен од викторијанскиот писател Џорџ Мередит, се однесува на луѓе кои мразат смеа – или барем ја сметаат за вулгарна и несоодветна.
Мизогамист
Ова е личност што го мрази бракот – без разлика кој со кого се венчава. Нешто што совршено го долови човекот кој со години е во брак со истата жена, во Better Off Without a Wife.
Номомисист
Личност што има одбивност или омраза кон одредено име. Ако некој го мрази вашето име тоа значи не мора да е насочено кон вас лично, туку ете, поради нешто има таков став кон таа комбинација на букви.
Мизополемист
Овие луѓе мразат војна и конфликти. Веројатно ќе ги сретнете на мирни антивоени протести. А можеби просто се преголеми конформисти?
Мизологист
Мизологистот не сака расправии, дебати или интелектуални дискусии. Разговори што нè тераат да размислуваме? Не фала.
Мизаподизист
Ова е личност која мрази да се соблекува пред други – дури и пред романтични партнери.
Мизофонист
Дали не можете да поднесете звуци како гребење со нокти по табла, џвакање со отворена уста, крцкање мраз? Ако ваквите звуци ве вознемируваат, можеби сте мизофонист – личност со екстремна нетолеранција кон одредени звуци. Tие сме.