Нов парфем инспириран од филм на Бергман

Драмата „Персона“ од 1966 е едно од Бергмановите најенигматични дела, тема на голем број анализи. Но сега тој се реинтерпретира како - парфем.

Мешавина на рози, ирис, мед, даб и мов - „Персона“ е унисекс парфем со блага цитрусна нота на прва, која потоа се претвора во него подлабоко и малку помрачно. Всушност, прилично точен опис на филмот кој е негова инспирација, „Персона“ на Бергман од 1966.

Изработката на парфемот е специјална нарачка на организаторите на традиционалниот фестивал Недела на Бергман на островот Фаро, кој оваа година се одржа по 17 пат. Тој е направен од етерични масла и билки кои растат тука и негова цел е да го рефлектира духот на филмот, кој се занимава со прашања на идентитетот.

Темата на овогодинешниот фестивал кој се одржа од 29 јуни до 3 јули беше „Преобмислување на Бергман“ и парфемот е еден од начините да се направи тоа. Во негови рамки се одвиваа и други дискусии, на пример како би изгледал „Фани и Александар“ како манга, а најавена и нова верзија на „Сцени од еден брак“ за ХБО. Гости оваа година беа Јоргос Лантимос, Грега Гервиг, Ноа Баумбах, Тим Рот и други.

Главните улоги во „Персона“ ги толкуваат Лив Улман и Биби Андерсон. Првата ја игра актерката Елизабет Воглер, која од нејасни причини ја губи способноста за говор кога игра во драмата „Електра“. Втората ја игра Алма која е вработена како нејзина негувателка. Филмот е енигматичен психолошки трилер, кој ако се гледа со парфемот во просторијата добива на сетилна димензија - мириси на северно море и онаа специфична осаменост и меланхолија карактеристични за филмовите на Бергман.

23 јули 2021 - 09:56