Bookbox

Една шише фрлено во море, неколку реченици на хартија и милиони километри неизвесност. Пораките во шише одамна се дел од романтичните приказни и филмовите, но зад нив стои и нешто подлабоко - човечката потреба да оставиме трага, да воспоставиме контакт или едноставно да веруваме дека некој, некаде, ќе нè пронајде.

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Diei duri dox: професорот од 60-тите што ги преведувал Битлси на латински

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

Родена како машко, растена како женско: германската атлетичарка Дора Ратјен

Учествувал во женскиот тим на летната Олимпијада во Берлин во 1936. Поставил светски рекорд во скок во вис на Европскиот атлетски шампионат од 1938. Неговиот вистински идентитет бил откриен кога кондуктер пријавил во полицијата дека во возот Виена-Келн има „маж облечен како жена“.

Словенката која во 1920-тите сама го пропатувала светот

Целосното име ѝ било Алма Ида Вилибалде Максимилијана Карлин. Зборувала девет јазици, и во време кога тоа воопшто не било вообичаено, одлучила да тргне сама на пат, на кој поминала цели осум години и ги посетила речиси сите континенти. 

Човекот кој спојува семејства со одамна загубени фотографии

Дејвид Гутенмахер ја потврдува тезата дека она што за еден човек е отпад, за друг може да биде богатство. Откако наишол на збирка стари, оштетени фотографии почнал да ги реставрира, но отишол и чекор понатаму - влегол во потрага по нивните сопственици.

Трагикомичното влијание на Бекет врз „Наречниците од Инишерин“

Џојс, Вајлд, Бекет. Неколкумина Ирци, од кои последниот има доста заедничко со еден од најпознатите драматурзи и филмски режисери на денешнината, британско-ирскиот автор Мартин МекДона.

Средниот прст на Галилео

Звучи како сатира или лажна вест. Но еден прст од рака, и тоа среден, навистина се чува како да е на светец, а всушност е на човек за кого црквата сметала дека е еретик.

„Го гледав Денот на мрмотот цела година, секој ден. Еве што научив.“

Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти. 

Дали е навредливо Французите да се нарекуваат...Французите?

Текстот најпрвин малку нè збуни, затоа што на англиски the French ни звучи потполно исто како и било кое друго членувано име на народ (Французите, Британците, Американците). После сфативме дека не било до нас, туку до тоа дека политиките на „безопасниот јазик“ стануваат сè поапсурдни. Плус дека македонскиот има многу поголем потенцијал за „дехуманизирање“ од англискиот. 

„Играј со мене до крајот на љубовта“: танцовата претстава која Коен не ја дочека

Легендарниот музичар дал благослов за претстава која ги содржи неговите најпознати песни, но починал пред воопшто да почнат пробите. Правена од три кореографи, таа ја отсликува контрадикторноста вградена во нив, како во онаа насловната - сладок љубовен валцер, кој е последен. 

Жената што допре до центарот на Земјата

До 1936, научниците верувале дека центарот на Земјата се состои од една голема стопена сфера. Сепак, мерењата на сеизмичките бранови кои ги имале направено различни опсерватории низ светот математички не се совпаѓале. Тогаш една жена-сеизмолог и математичар навлегла во јадрото на проблемот.

Животите на сопругите: пет книжевни бракови

„Немој да станеш писателка. А ако станеш, не се мажи со друг писател“ - бил советот до авторката на новоизлезена историја на книжевните бракови од нејзиниот професор по книжевност. Таа го послушала, се омажила за архитект, а пишувајќи ја оваа книга сфатила на што мислел.

Уметникот кој пишува лажни некролози, од Доли Партон до Грета Тунберг

Адам МекИвен порано пишувал вистински некролози за славни личности. Сега го прави истото, но за луѓе кои се мртви само во неговиот свет.

Букбокс читанка: „Расеани низ целиот свет“ од Јоко Тавада

Мисловен, „што би било кога би било“ експеримент, кој се состои од замислување на светот без само еден елемент во него - овој пат една цела земја, народ и јазик. Не, не е Македонија, иако лесно би можела да биде.

Оригиналната игра „Монопол“ всушност била анти-капиталистичка

Една од најпродаваните друштвени игри во историјата, „Монопол“ била евтина забава во текот на Големата депресија, носталгичен потсетник на дома за војниците во текот на Втората светска војна, американски извоз во периодот на поствоениот економски подем и бестселер во текот на пандемијата. Иако на прв поглед таа ги вградува вредностите на капиталистичкиот сон, оригиналната верзија била направена со сосема обратна намера.

Вистинската зомби-габа - инспирација за серијата „Последните од нас“

Луѓето веројатно никогаш нема да се соочат со габична апокалипса, но светот на инсектите може да биде под сериозна закана. Внимавајте на клучниот збор - „веројатно“.

„И онака сите препишуваат“ - професорот кој дозволува ЧетГПТ во училница

Развојот на вештачката интелигенција доведува во прашање куп професии, но и бара ревидирање на задачите кои им се даваат на учениците и студентите и на начинот на нивно оценување. Еден професор има порака до луѓето и до машините: може ли некако да се договориме?

Викторијанската мода на накит од живи инсекти

Некои откачени модни трендови одамна поминале, а не сме ни биле свесни за нив. Во англискиот 19 век владеела вистинска орнитолошка и ентомолошка треска - носење накит од птици, живи инсекти или од низа нивни мртви трупови.

Кога ФБИ следело кои книги се позајмуваат од американските библиотеки

Денес во САД се забележуваат рекордни бројки на тн. „забранети“ книги, а некои барања од тн. родителски групи и локални заедници одат до таму што се бара дури и апсење на библиотекари. Пред педесет години имало поинаква кампања која се обидувала да го регулира пристапот на граѓаните до книги, а се состоело од (благо речено) следење на читателските навики.

Приказната за брадестата Крао Фарини

Брадестите дами се заштитен знак на циркусите и претставите кои вклучуваат „чуда на природата“. Еден од најинтересните случаи се однесува на жена со хипертрихоза (латинското име за прекумерна влакнетост) по потекло од Лаос, која била изложувана на преминот од 19 во 20 век низ Европа и САД како „алката што недостасува“, согласно Дарвиновата теорија на еволуцијата. 

Што е тоа „синдром на странски акцент“?

Доколку го гуглате овој термин, излегуваат резултати кои поставуваат дополнително прашање - дали вакво нешто навистина постои? Но истражувачите на говорот велат дека тоа е вистинско пореметување, кое предизвикува ненадејна промена во начинот на зборување, како некој да се преправа дека зборува со странски акцент. 

„Русокоса“, Том Хенкс, Џаред Лето: кои се номинираните за Златна малина?

На денот кога сите пишуваат за номинациите за овогодинешниот Оскар, ајде ние обратно - кој сè е номиниран за овошното анти-признание?

Новинарот кој доби понуда која не можеше да ја одбие

„Молецот“ (The Moth) е подкаст на кој познати и помалку познати луѓе споделуваат свои приказни пред публика во живо. Во пресмешна епизода, новинарот А. Џ. Џејкобс раскажува за една своја работна задача, поради која се нашол гол на страниците на списанието за коешто пишувал.

„Пластика“: јапонски балет со рециклирани шишиња

Нова продукција на познатата јапонска балетска трупа К-Балет, чија цел е да привлече внимание кон глобалното загадување, преку интересна сценографија и дизајн на костими.

Дали пиратите ја измислиле демократијата?

Нова, постхумно издадена книга на прерано починатиот антрополог Дејвид Гребер, која официјално излегува утре, 24.1, тврди дека голем број вредности кои западот инсистира дека се негова рожба се всушност производ на протодемократски уредувања во далечни земји и на изолирани острови, некаде далеку од Европа. 

Тајните зад славната слика „Мајката на Вислер“

Едно прашање во најновото издание на хрватскиот „Милионер“ нè поттикна да ја изанализираме сликата чиј официјален назив е „Аранжман во сиво и црно број 1“.