На 23 јануари 2024 во театарот Ројал Хајмаркет ќе се одржи премиера на нова поставка на „Сликата на Доријан Греј“. Радикално различна од она што е видено до сега, таа ќе се состои од 26 карактери играни од една актерка - ѕвездата на серијата „Сксешн“ (Следоред), Сара Снук.
Снук изјавила дека „едвај чека да се соочи со предизвикот“ со кој претходно се соочила актерката Ерин Џин Норвил, во австралиската продукција на истата поставка, чијшто режисер, Кип Вилијамс, ќе ја постави и лондонската верзија.
Претставата користи голем број сценски камери и видео екрани кои помагаат во оживувањето на ликовите, преку Снепчат филтери и селфи снимки укажувајќи на невозможните стандарди на убавина кои денес ги наметнуваат социјалните медиуми. Сепак, претходно снимените парчиња сочинуваат многу мал дел од материјалот, а Снук ќе ги игра во живо најголемиот број од 26-те ликови.
Претставата допира теми на моралот, нарцисоидноста и прекумерноста, преку безвременската приказна на Доријан Греј, младичот кој си ја продава душата во замена за вечна младост и убавина.