Дубоне (Dubonnet) е пијалок од типот „кинкина“, кој го добил ваквото име поради тоа што оваа категорија алкохоли содржат кинин, горчлива состојка добиена од кора на дрвото Cinchona officinalis, карактеристично за Јужна Америка, јужниот Атлантик и Индија.
Историски ова растение било многу барано поради својата лековита вредност, со оглед на тоа што кората од неколку негови видови содржи не само кинин туку и други алкалоиди. Вештачкото синтетизирање на кинин во 1944 и појавата на алтернативни терапии го намалиле интересот за одгледување на билката, но тие се уште се ценети поради нивното историско наследство - националното дрво на Перу е од овој вид.
Во 1930-тите француската влада, соочена со голем број заболени војници од маларија, лансирала кампања за креирање таков производ кој ќе ги убеди трупите да го консумираат. А што е поубедливо за војници од алкохол?
Парискиот хемичар Жозеф Дубоне се нафатил на предизвикот со тоа што додал кинин на слатко вино. Во почетокот наречено „кинкина Дубоне“, виното станало толку популарно помеѓу француските војници во странство што тие продолжувале да го пијат и кога ќе се врателе во Франција.
До 1900-тите Дубоне бил „аперитиф на денот“, кое се служело во кафеата и бистроата низ земјата, но и преку каналот во Британија. Најпрвин се консумирал сам по себе, за да го поттикне апетитот пред вечера или како дижестив по неа. Славен е во текот на „убавата епоха“ на Париз, со постери исцртани во францускиот арт-нуво стил од уметици како Анри Тулуз-Лотрек.
Барем во Британија, Дубоне-то станало познато поради тоа што го пиела кралицата Елизабета Втора, додуша помешан со малку џин. Во ноември 2021, таа му доделила и кралска лиценца на овој пијалок.