Анри Матис и неговата асистентка и омилен модел Лидија Делекторскаја често оделе на базен во Кан. Но тој ден летото 1952-ра, што поради жештините, што поради поодминатата возраст на сликарот кој тогаш имал 90 години, базенот им се видел преполн и пребучен. Се вратиле во домот на Матис во Ница, каде тој побарал од Делекторскаја да закачи бела хартија долж ѕидот на неговата дневна и трпезарија на ниво на глава.
Оваа „табула раза“ станала базен полн пливачи, гњурачи и морски суштества кои Матис ги исекол од хартија, која неговите асистенти ја обоиле со гваш техника во за него препознатливата ултрамарин-сина нијанса.
Во видеото подолу се гледаат едноставните но евокативни фигури кои навистина изгледаат како да се ладат во базен на топол летен ден. Тие ги украсувале ѕидовите на трпезаријата до неговата смрт, две години подоцна. Неговата вдовица го надгледувала нивното отстранување, внимавајќи тие да бидат пренесени на нови панели.
Во 1975 МоМА го купила „Базенот“ и го изложила на воодушевување на посетителите. Според критичарите делото ги заматува границите помеѓу раното детство и староста, поттикнувајќи ги колективните спомени за летото и животните сили кои тоа ги оживува.