Кога концерт на Елтон Џон бил прекинат поради напад на - штурци

Несаканото присуство на концертните сцени на разно-разни сталкери, добронамерни но агресивни обожаватели или просто егзибиционисти се спречува со ангажирање обезедување или со физички бариери. Но ова важи само ако напасникот се движи по земја. 

На 19 февруари 1993 во Националниот тениски центар во Мелбурн требало да се одржи долго очекуван концерт на Елтон Џон. Настапот почнал вообичаено, но некаде при средината тој морал да биде прекинат поради буквален воздушен напад од штурци кои почнале да се лепат за косата и облеката на пејачот, па дури и да му влегуваат во уста. Истото се случувало и со придружните вокали и со публиката. 

„Пробајте да работите во канцеларија покриени со инсекти“, го правдал тогашниот задолжен за односи со јавноста во австралиските медиуми. „Елтон е еден од најголемите изведувачи на светот, кој дошол дури до Австралија да одржи концерт. Сигурно не би ја напуштил сцената од ќеф.“

По инцидентот експертите заклучиле дека станувало збор за црн полски штурец, за чие однесување придонеле условите тоа австралиско лето - многу влажно време кое почнало рано во сезоната, со топли ветрови, кои ги надразниле инсектите. Плус дополнително ги привлекла одлично осветлената сцена. Иронично, но Џон и неговиот тим биле поканети во текот на нивниот престој во Австралија да изиграат партија - крикет (анг. - штурец). 

По првиот концерт на терен била испратена „специјална“ единица за дезинсекција. Вториот се одржал без проблем, следниот ден. Но играњето крикет пред него било откажано, можеби од суеверни причини. 

14 јуни 2023 - 10:11