Bookbox

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Кога една биографија ќе исчезне од најголемата онлајн енциклопедија во светот, не исчезнува само текстот. За некои луѓе, тоа е и губење на признанието дека нивната работа е доволно важна за да биде забележана.

Дали познавате ваков историчар?

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

И навреда, и разгледница

Успехот на електронските картички од типот на Wrongcards, кои содржат саркастични а понекогаш и навредливи пораки до оној кому му се упатени, може да се објасни со малиот злобник во секој од нас. Но ова е поинакво - молиш некого да те хејта. Ама со посебно изработена разгледница само за тебе.

Знаци дека сте навлечени на книги

После куп вакви списоци на „знаци кои...“, конечно дочекавме и таков кој се однесува на книги. Но не се секирајте, дури и да не задоволувате голем број од овие услови, тоа не значи дека не ги сакате книгите. „Навлеченост“ конечно и не е најздравиот однос. Ни кон книги, ни кон луѓе.

Почина Жорж Мустаки

Еден од најсаканите француски композитори и шансоњери почина на 79 години по долга болест.

Дежуловиќ конечно на македонски

Другарот Боро бил толку присутен на овој сајт, што понекогаш се воздржуваме да не преведеме нешто ново од него, само за да не ве удавиме. Ама сега еве ветуваме дека за некое време ќе апстинираме. И тоа затоа што - му објавивме книга!

Писменоста е секси

На денешниот празник, да ги испитаме малку границите на писменоста. Дали таа е догма, или помеѓу неа и очигледната неписменост има простор за малку лежерност. Дали, ако за ништо друго, да си писмен се исплати затоа што тоа е - секси?

„За да ја осетиш мојата љубов“

Боб полни 72. И ја чувствува нашата љубов.

51 Birch Street (2005)

На прв поглед сосема обичен документарец на Даг Блок за неговото семејство. На втор, потресно сведоштво за точноста на една стара руска поговорка - дека душата е темен подрум. А особено онаа на твоите родители.

Ноќен клуб во цистерна за вода

Замислете дека сте поканети на некаква мистериозна забава. Добивате знак на распознавање, рачен часовник, а на одредено место ве чека човек кој ќе ве однесе на едно чудно, „забрането" место - цистерна за вода.

Поп Хамлет

Има така некои класични книжевни ликови и дела, кои иако малкумина реално ги имаат читано, се вистински поп-икони. Еден од нив е сигурно е данскиот принц и неговата вековна дилема. Мешап од негови спомнувања во филмови и ТВ шоуа, а сигурно има и уште.

Манзарек после Дорс

Вчерашната вест за смртта на клавијатуристот и со-основач на Дорс, разжалости многумина. Но што всушност работел тој сите тие 40 години по распадот на групата? Еве некои од неговите проекти, кои главно останале во сферата на експерименталното и не го добиле заслуженото внимание.

Декларација за еден необичен производ

Да не ни беше вака објаснето, навистина немаше да знаеме, и ќе стоевме ко збунети среде продавница, со необичниот предмет в рака. Сега е јасно - тој е за читање. Има неограничен рок на употреба. И нема опасност при правилно користење. За последново сепак сме некако скептични.

Белешки на аукција

Како поддршка на Англискиот ПЕН, кој се залага за слобода на пишувањето и права на писателите во светот, познати писатели прифатиле да напишат белешки на своите први изданија, кои потоа ќе бидат дадени на продажба. Некои од нив откриваат до сега непознати детали за делата, и за односот на авторите кон нив.

7 алатки за мислење

Пред неколку дена излезе нова книга на познатиот американски истражувач на умот, филозофот Даниел Денет, „Интуициски пумпи и други алатки за мислење". Еве некои од нив кои се навистина корисни. Oсобено ни е драг Окамовиот брич, а иако е тешко, се обидуваме да го следиме и она за негубење време на глупости.

Нацртани рецепти

Дали кога готвите по рецепт повеќе сакате да ви нацртаат или да прочитате што треба да направите? Ако сте од првите, ова е книга за вас. 

Секојдневниот живот на порно актерките

„Ми се допаѓа тоа што го работиш" е нов документарец кој ги регистрира секојдневните животи на девет жени во тек на десет дена, додека тие снимаат лезбејски порно филм во Њујорк. Трае шест часа, а можете да го гледате онлајн за десет долари. Порака: и тие се само луѓе.

Мјузикл во чест на Милан Младеновиќ

Во театарот Стерија во Вршац се подготвува претстава посветена на прерано починатиот музичар.

„КОМО“ од Срѓан Валјаревиќ

„Тоа ти е ко некој роман. Дневнички белешки од кои направив книга. Поминав некое време во Италија, па ете, пишував. Интимни белешки за планинарење, и тоа прво планинарење во животот. Па после као се муваш со некоја женска, добро јадеш, пиеш добро вино, и на крај од тоа излегува роман. Ма супер!"

Ден Браун - Лилјакот

Откако објавивме дека преведувачите на новиот роман на Браун морале да бидат во бункер додека го преведувале на 11 јазици, сега наидовме на уште поинтересна информација. Како славниот писател ја разбива сопствената авторска блокада.

Доделена Орвеловата награда за 2013

Оваа година престижната британска награда која се доделува од 1994 ја доби книга за убиство на хотелски рецепционер од страна на британски војници во Ирак, и збирка текстови на Мари Колвин, која минатата година погина во Сирија додека известуваше за тамошниот конфликт.

Мемоарите на еден катиљ човек

Автобиографијата на еден од најславните тенисери во историјата на овој и-не-толку-бел спорт потврдува. Дека тој не бил несфатен, туку едноставно - кретен.

Театарски Алан Форд

Оваа недела, по повод 40 години од првото објавување на Алан Форд во Хрватска, во Загреб се одржува премиера на претстава по мотивите на славниот стрип.

Анџелина до жените

Веста на денот, кои некои портали по инерција заради тоа што се работи за актерка ја класифицираа под „забава“, е дека една од најубавите жени во светот се одлучила „од мирно седење“ да си ги извади обете гради. Еве го нејзиното писмо во Њујорк Тајмс во целост, во кое ги објаснува нејзините мотиви, како за операцијата, така и за обзнанувањето на целата работа.

Зен и уметност на свирење пијано на точак

Барајќи начин како сами себе да си го осветлиме утрово, наидовме на филмчево, кое нема шанси да не ви предизвика блага насмевка. Заради едно пијано кое се вика св. Франкештајн, и еден симпатичен тип, кој го вози. Да, го вози.

Кога Американците и Германците војувале на истата страна

Во „Последната битка" на Стивен Хардинг, која излезе од печат пред неколку дена, се опишува еден необичен настан: заедничка битка на американски војници, француски затвореници и германски војници, на крајот на Втората светска војна.