Кога дождот те мава в лице
и целиот свет те притиска,
ќе ти понудам топла прегратка
за да ја осетиш мојата љубов.
Ноќните сенки и ѕвездите кога ќе се појават
и нема кој да ти ги избрише солзите,
можам да те гушкам милион години
за да ја осетиш мојата љубов.
Знам дека уште се немаш одлучено
но никогаш не би ти згрешил,
знаев од моментот кога те запознав,
јасно ми беше каде припаѓаш.
Би гладувал, би се измачувал
би ползел по улица,
нема такво нешто што не би сторил
за да ја осетиш мојата љубов.
Бури беснеат на разбрануваното море
и на автопатот на каењето.
Ветриштата на промените веат диво и слободно,
ваков ко мене уште не си сретнала.
Можам да те усреќам
да ти ги остварам сништата,
нема такво нешто што не би сторил
би одел до крајот на земјата,
за да ја осетиш мојата љубов.
Брајан Фери:
Адел: