Документарец

Секојдневниот живот на порно актерките

„Ми се допаѓа тоа што го работиш" е нов документарец кој ги регистрира секојдневните животи на девет жени во тек на десет дена, додека тие снимаат лезбејски порно филм во Њујорк. Трае шест часа, а можете да го гледате онлајн за десет долари. Порака: и тие се само луѓе.

Режисерот Џонатан Харис ги снима овие жени од моментот додека станат до доцна во ноќта, снимајќи клипчиња од десет секунди на секои пет минути од што и да прават во моментот - се возат во метро, облекуваат чевли, разговараат со пријателките околу феминизмот, шетаат низ парк, се соблекуваат пред камерата, играат на шипка.

Целиот материјал е искомбиниран во шестчасовно интерактивно искуство, кое им се нуди на гледачите на веб за 10 долари, со 24 часовен пристап.

Режисерот Харис вели дека основната идеја зад филмот била да се влезе во реалностите на луѓето кои произведуваат фантазии - кои се пак нивните желби и копнежи, и како се чувствуваат што се објекти на посакување. На прашањето дали му се променил ставот кон порното откако го снимил филмот, тој вели: „Дефинитивно. Сега кога гледам порно гледам вистински луѓе. Размислувам за нивните животи, што јаделе за појадок, како може да изгледа нивниот стан, каде пазаруваат. Сега моќта на порнографските фантазии за мене веќе не постои, затоа што ја разбирам улогата на шминката и светлото и аглите на камерата да создадат одредена слика која често нема врска со реалноста. Тоа е прилично хуманизирачки момент. Тоа прави да се чувствувам подобро во врска со сопственото тело, и телата на другите луѓе во мојот живот. Фантазиите ми се ок, но тие сега немаат толкава контрола врз мене".

Еве го трејлерот, а доколку сакате да платите 10 долари линкот за пристап е тука.

18 мај 2013 - 09:32