Само неколку дена по самоубиството на Хитлер, на 5. мај 1945, три тенка од 23-тиот тенковски батаљон на армијата на САД под команда на капетан Џон 'Џек" Ли јуниор, ослободила еден австриски замок, Шлос Итер во Тирол, кој служел како специјален затвор во кој биле затворани важни личности од Франција и француското движење на отпорот, вклучувајќи ги поранешните премиери Пол Рено и Едуар Даладие, како и поранешни генерали на француската војска.
И тоа немаше да биде толку интересно од историска гледна точка, да не е еден значаен детал - на веќе уморните и малубројни Американци им се придружиле анти-нацистички настроените германски војници на Вермахтот, и така заедно тие извојувале една мала, но важна победа против трупите на Третиот рајх. Идеално за филмско сценарио.
Во замокот имало и неколку жени - Аугуста Брухлен, која била љубовница на водачот на работничката партија, и мадам Вејган, жената на генералот Максим Вејган - обете затворени по сопствена желба, за да бидат блиску до нивните сакани. Но освен нив има уште намалку еден херој на оваа приказна - неколкукратно одликуваниот офицер на Вермахтот, мајор Јозеф 'Сеп' Гангл, кој погинал помагајќи им на Американците во овој потфат. Неговата приказна прв пат е раскажана на англиски, иако во германските говорни подрачја тој е често споменуван како херој на анти-нацистичкиот отпор.
Стивен Хардинг е експерт за воени прашања кој има напишано седум книги и специјализира на теми од Втората светска војна. Но иако се занимава со историja и е поткрепена со обемнен документарен материјал, оваа книга се чита како возбудлив роман. Особено холивудски е крајот: само што СС трупите почнале да ги навасуваат необичните сојузници, на вториве им дошло долго очекуваното засилување составено од американски единици и австриски борци на отпорот. Командантот Ли се качил до првиот тенкист, го погледнал во очи и му рекол: „Кај си до сега?".