Претставата „Љубов“ е направена во знак на одбележување на 20-годишнината од смртта на Милан Младеновиќ, како и во чест на бендовите Екатерина Велика и Октобар 1864. Тие оставија неизбришлива трага и повлијаеа на голем број млади во минатите две децении - изјавил Иван Ѓорѓевиќ, режисер на претставата, во која главната улога му е доверена на младиот актер Бојан Белиќ.
Според авторите, претставата е полемика за тоа колку поединецот е во состојба да им пружи отпор на стихиите, и тоа на семејните, општествените и на индивидуалните психолошки манипулации, кои го отуѓуваат. Во мрачните години на нашата понова историја музиката на ЕКВ на многумина им беше утеха и брана токму од ваквото отуѓување, светлина на крајот од тунелот. Токму ним им е посветена оваа претстава.
Музиката ја изведува бендот Брејвхарт од Вршац. Претставата гостува во Белградскиот Дом на културата Студентски град на 22. мај.